Google+ има 170 милиони корисници и нов редизајн

7 коментари 1 мин. читање

Google ја редизајнираше својата друштвена мрежа со цел да ги заинтересира и привлече сите 170 милиони корисници. Иако оваа бројка е феноменална, треба да се има во предвид дека тоа се само регистрирани корисници, не и активни корисници.

Според Google сега новиот редизајн „е поедноставен, и поубав“. Искрено, мислам дека се во право, посебно што сега Google+ изгледа некако поинаку од Facebook, иако поставеноста на елементите е иста, но делува некако уникатно.

[youtube]A3Atj57r15U[/youtube]

Сега се движите низ мрежата преку „динамична лента“ од левата страна, на која може да додавате апликации, да го променувате распоредот, и да добивате информации додека глувчето е врз иконите.

[youtube]Zxbs5uqEjc0[/youtube]

Фидот за вести сега има поголеми слики и видеа, се додадени „картички“, како што Google ја нарекува опцијата да се најдат пријатели за разговори. Од десната страна сега е додадена листа со пријателите преку која може да се стартува чет.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед