Out of Sight: хорор игра со невообичаени механики

Неодамна, хорор жанрот се збогати со Out of Sight, вознемирувачки наслов кој ветува испорака на уникатно и длабоко атмосферско искуство. Оваа хорор авантура за еден играч ве става во улогата на Софи. Малото девојче има оштетен вид и нејзината перцепција на визуелниот свет целосно зависи од очите на нејзиното плишано мече, Теди. За брзо време ќе започнете очаен обид за бегство од непознати киднапери. Притоа, ќе разоткриете мрачни тајни и ќе вложите надчовечки напори за извлекување жива глава.

Зад овој проект, кој претходно беше познат под името Unseen, стои шведското студио The Gang како развивач, а издаваштвото е во рацете на Starbreeze Entertainment.

Кои се The Gang и Starbreeze Entertainment?

The Gang (девелопер)

The Gang е девелоперско студио кои се стреми да создава уникатни интерактивни искуства. Со фокус на партнерства со глобално реномирани брендови како Amazon, Warner Brothers и Spotify, студиото демонстрира способност за испорака на висококвалитетни дигитални производи. Едно од нивни позначајни достигнувања е создавањето на Strongman Simulator на платформата Roblox, игра која постигна извонреден успех и акумулираше обемна база на играчи. Во моментов, The Gang активно го проширува своето портфолио преку развој на сопствени оригинални интелектуални сопствености, наменети за дистрибуција на Steam и други клучни платформи.

Starbreeze (издавач и девелопер)

Starbreeze функционира како независен девелопер, издавач и дистрибутер, примарно таргетирајќи го глобалниот пазар на игри за PC и конзоли. Со студиа во Стокхолм, Барселона, Париз и Лондон, компанијата управува со успешни IP, вклучувајќи го и критички и комерцијално признатиот наслов PAYDAY. Бизнис моделот на Starbreeze вклучува развој на игри базирани како на сопствени лиценци така и на права од трети страни, реализиран преку внатрешни капацитети и соработка со надворешни девелопери.

Далеку од очи, далеку од срце

Клучното нешто што ја издигнува Out of Sight над поголемиот дел други хорор наслови лежи во нејзината иновативна основна гејмплеј механика. Имено, вие го перципирате светот примарно преку визуелната перспектива на Теди, воспоставувајќи уникатна форма на второстепена перспектива – свеж концептуален пристап кој има за цел да го продлабочи нивото на имерзија. Па така, гејмплејот инкорпорира динамично префрлување помеѓу перспективите.

Кога Софи физички го носи Теди, вие ја преземате контролата во прво лице, овозможувајќи директна интеракција со околината. Алтернативно, Софи има можност да го позиционира Теди на статична локација, при што камерата преминува кон фиксиран поглед, аналоген на перспектива од трето лице. Оваа механика ѝ овозможува на Софи автономија на движење во рамките на визуелниот опсег на Теди, со цел решавање на комплексни загатки.

Независно од активната перспектива, прикрадувањето е од круцијално значење за прогресија, бидејќи секој звук може да ги алармира антагонистите. Интеграцијата на овие елементи – перспектива, загатки и прикриеност – бара стратешко планирање и нуди значително чувство на постигнување при успешно надминување на предизвиците.

Out of Sight се стреми да понуди длабоко атмосферско и емотивно искуство, со нагласен фокус на психолошкиот хорор, каде границата помеѓу реалноста и илузијата е суптилна и флуидна. Имајќи го предвид оштетениот вид на Софи, аудио дизајнот игра критична улога. Звучните елементи не служат само за креирање на морничав амбиент, туку функционираат и како витална гејмплеј механика за просторна ориентација и како систем за рано предупредување за потенцијални закани. Ваквиот пристап ветува интензивно емотивно патување, дизајнирано целосно да го задржи вашето внимание.

Наративната компонента дополнително ја ескалира тензијата, мотивирајќи ве да ја истражувате мрачната историја на опкружувањето и злокобните сили кои ја држат Софи заробена. Загатките се дизајнирани на тој начин што бараат од вас комбинација од логичко расудување, интуиција и иновативна употреба на различните перспективи на камерата, Во спротивно, не одите никаде. Поголемиот дел од овие загатни се направени навистина добро и, со заканата од непријателите, константно се наоѓате под реален притисок.

За ентузијастите на виртуелната реалност, Out of Sight VR ќе биде лансиран за платформата SteamVR симултано со стандардната верзија на играта. Програмерскиот тим има планови за издавање на верзии и за Meta Quest и PlayStation VR2, но таквото нешто се очекува да биде значително подоцна.

Благодарение на својот иновативен концепт, длабоко интегрираните гејмплеј механики и интензивната психолошка атмосфера, Out of Sight се профилира како еден од најинтригантните наслови во хорор жанрот. Функцијата на Теди како визуелен посредник за Софи воспоставува уникатна динамика која го редефинира конвенционалното гејминг искуство, наметнувајќи потреба од внимателно стратешко планирање и одржувајќи континуирана тензија. Доколку сте фанови на храбри нови и интересни хорор игри кои не се плашат да го размрдаат жанрот со уникатни механики, ова е дефинитивно игра само за вас!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk