MoMo 2025: Финтек се враќа со рекорден биткоин и раст на инвестициите

Вештачката интелигенција и блокчејнот се истакнати двигатели на растот во финтек индустријата. Додека неодамнешните пазарни анализи го нагласуваа нивниот потенцијал за оптимизација на процесите, новите трендови сега значително влијаат на индустријата која брои се повеќе стартапи од ЦИЕ регионот.

Клучен развој е и скокот на биткоинот над 100.000 долари во декември 2024 година, особено по исходот од претседателските избори во САД. Изразената поддршка на новоизбраниот претседатеч Доналд Трамп за пазарот на криптовалути и политиките за промовирање на технолошки иновации, вклучувајќи ги и регулаторните прилагодувања, придонесе значително за овој раст.

Истовремено, глобалните инвестиции во финтек покажаа знаци на закрепнување, достигнувајќи 8,4 милијарди долари во четвртиот квартал од 2024 година, што е зголемување од 12 проценти во однос на претходниот квартал и укажува на стабилизација на пазарот по дво-годишен период на созревање.

Овие трендови ќе бидат централни во дискусиите на Money Motion, најголемата финтек конференција во Централна и Источна Европа. Над 90 експерти од индустријата ќе учествуваат на оваа конференција, организирана во партнерство со водечките регионални брендови ASEE, Monri и Mastercard, а која ќе се одржи на Загребскиот саем на 27-28 март.

„Според податоците на Монри, интересот за крипто пораснал за 20% годишно во изминативе пет години. Уверен сум дека криптовалутите повторно ќе бидат една од клучните теми на Money Motion. Со овој настан, Загреб продолжува да се позиционира како финансиски центар на регионот – спојувајќи ги лидерите од индустријата, охрабрувајќи ја размената на знаења и создавајќи нови деловни можности“, вели Дамир Чаушевиќ, извршен директор на Monri Payments и ко-основач на Money Motion.

Дамир Чаушевиќ и други индустриски експерти разговараат за иднината на плаќањата во Европа на MoMo2024

Во изминатите две години, Money Motion се етаблираше како водечка платформа во ЦЕЕ за истражување на финтек трендови, решенија и вмрежување, поврзувајќи клучни играчи од традиционалните финансиски институции и иновативните стартапи.

Првите две изданија на конференцијата привлекоа над 700 компании, чии претставници добија вредни сознанија од истакнати личности како што се Андриус Бичеика, член на одборот на Revolut; Панајотис Кријарис, раководител за деловен и корпоративен развој во Unzer; и Ана Мај, извршен директор на Bridge, глобална финтек компанија специјализирана за решенија за плаќање и услуги за агрегација на банкарски податоци. Присутните имаа можност од прва рака да слушнат за најголемите предизвици на индустријата и какви стратегии се користат за ефикасно справување со нив.

„Се наоѓаме во дефинирачки момент за нашата индустрија. Технологијата го менува начинот на кој размислуваме за пари, плаќања и размена на вредности. Дигиталните средства како што се криптовалутите, CBDC-ата и токенизираните фондови веќе менуваат бројни финансиски аспекти, но ние само што почнуваме да го гледаме нивниот целосен потенцијал. Во Mastercard, тесно соработуваме со лидерите во индустријата за да осигураме дека безбедноста, довербата и иновациите остануваат да се клучен двигател за секој понатамошен развој. Со текот на годините, се префрливме од готовина на картички, а сега влегуваме во нова фаза што ги комбинира новите технологии со постоечката финансиска инфраструктура“, вели Кристијан Рау, Виш претседател за глобални партнерства во областа на дигитални средства, блокчејн и развој на финтек во Mastercard. Рау беше главен говорник на првата конференција Money Motion и се враќа на главната сцена и оваа година.

Кристијан Рау, Mastercard, се враќа на сцената на Money Motion оваа година

Оваа година Money Motion ќе продолжи да ги следи трендовите во финтек индустријата, со клучни дискусии за новите технологии. ‘FinTech 2030’ дополнително ќе се посвети на дискусии поврзани за иднината на индустријата.

„Во годините што доаѓаат, очекувам подем на персонализирани искуства со плаќање, што ќе ги направи трансакциите полесни и побезбедни – независно од тоа дали се оди преку физички картички, мобилни уреди, биометриски решенија или блокчејн. Соработката меѓу лидерите во индустријата, регулаторите и иноваторите е клучна. Нашите долгорочни партнерства со крипто платформи и традиционални финансиски институции покажуваат како технологијата може да поттикне инклузија и да создаде можности за сите. На Money Motion, ние нема само да зборуваме за денешните иновации; ние ќе ја споделиме нашата визија за тоа како иднината на дигиталните плаќања ќе поттикне глобална поврзаност и економски раст“, додава Рау.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk