Necesse: Бескраен авантуристички свет

во гејминг

Necesse е игра која со години се развива од инди студиото Fair Games од Данска. На прв поглед, би можело да ви изгледа како да е инспирирана од Terraria или Starbound, но под површината на својата шармантна пикселизирана графика, Necesse крие длабок и комплексен систем кој вешто ги спојува елементите на градење, истражување, борба и менаџирање на сопствена колонија.

Што може да очекувате од играта: процедурално генериран, бескраен свет каде што вашата e да преживеете, но и да изградите цивилизација, да ги откриете мистериите на светот и да се соочите со бројни непријатели кои демнат во длабочините.

Во Necesse да градите и да управувате со вашето населено место. Но, играта нуди многу повеќе од обично градење на база, принудувајќи ве да работите на создавање просперитетна заедница. Па така, ќе посветувате време и енергија на регрутирање на доселеници кои, патем, се и активни работници со специјализирани вештини. Можете да им доделите задачи како што се работа на фарми, грижа за животни, сечење дрва или ископување руда и многу повеќе. Управувањето со среќата на вашите доселеници е клучно, бидејќи што има поефикасно од задоволните работници?

Покрај тоа, мора да ја браните вашата населба од периодични напади, градејќи одбранбени структури, поставувајќи стапици и ангажирајќи чувари, алудирајќи на елементи кои беа клучни за игри како RimWorld, но со поедноставен и попристапен интерфејс. Економскиот аспект, пак, каде што можете да ги продавате вашите производи и да тргувате со други населби, е одлично изведен и допринесува до комплексно и наградувачко искуство.

Покрај управување со заедницата, ќе искусите бројни моменти на истражување и борба. Имено, бескрајниот свет на Necesse е составен од различни биоми, секој со свои уникатни ресурси, непријатели и тајни. Од густи шуми и ледени предели до вулкански региони и пустини, секогаш има нешто ново и интересно за откривање, како огромни пештерски системи, зандани, богатства, но и опасности кои едвај чекаат да бидат откриени. Борбениот систем е изведен од top-down перспектива, со бројни можности за прилагодување на вашиот стил на борба во секое време, без да бидете заклучени во една класа. Предизвикот кулминира во битките со моќни босови – од пиратски кралеви до змејови и паднати волшебници. Интелигентниот систем за скалирање на тежината овозможува босовите да бидат соодветен предизвик без разлика дали играте сами или во група со пријатели. Играта навистина е замислена да ви излезе во пресрет во зависност од вашето трпение и способности.

Визуелно, Necesse користи носталгичен пикселизиран уметнички стил, со чисти и јасни визуелни елементи, допринесувајќи до лесно распознавање на ресурсите, непријателите и елементите во околината. Иако не се стреми кон фотореализам, стилот има свој шарм и придонесува за пријатната атмосфера. Звучниот дизајн, од друга страна, е изненадувачки детален и има огромен придонес во имерзијата во светот. Со над 300 нови звучни ефекти додадени во верзијата 1.0, секоја акција е јасно и препознатливо претставена, правејќи светот да се чувствува жив и реактивен.

Хибрид како ниеден друг

Кога ќе се земат сите овие работи во предвид, Necesse се истакнува како наслов кој нуди неверојатна слобода и флексибилност. Како што напонавме, имате можноста за детално прилагодување на правилата на играта, како што се исклучување на нападите врз населбата, менување на должината на циклусот ден/ноќ или прилагодување на тежината на босовите. Тука некаде, е и комбинацијата од длабок систем за управување со населба, акциона RPG борба, бескрајно истражување и робустен систем за изработка. Necesse не се обидува да измисли топла вода, туку само ги зема најдобрите елементи од веќе докажани концепти и ги спојува во еден кохезивен, забавен и бескрајно забавен пакет кој можете да го декустирате сами или со вашите пријатели.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments