Во случај да пропуштивте: Canva Teams ја крена цената и до 300%

во Вести

Веројатно сте го слушнале изразот: „Цените се до плафон“. Токму вака се чувствуваат дел од претплатниците на Canva за тимови кога ја видоа новата претплата. За некои од првите корисници на алатката од Австралија цената ќе се покачи за 300 отсто. Ова покачување на цената ги остава претплатниците пред значајна дилема: „Дали да продолжат да ја користат алатката која ја користеле со години, или да побараат поевтина алтернатива“.

Новата цена на Canva е 135 американски долари годишно и барем 3 корисници по профил. За многу помали корисници ова е значителна промена во однос на досегашната претплата. Очекувано, промената во цената донесе бран незадоволство. Најголем дел од корисниците ја споделија својата огорченост на платформи како Reddit, LinkedIn или Threads.

Промената во висината на претплатата е нова за најголем дел од претплатниците, но за оние кои се приклучиле на Canva по април 2024 ова е единствената цена која ја плаќале. Најголем ценовен шок е за првите корисници на Canva. Во Австралија претплатниците на Canva Teams плаќаат флет претплата од 40 долари и со оваа претплата може да се вклучат 5 корисници. Со промените цената ќе рипне на 40,50 долари по корисник. Во најдрастичниот случај претплатата од 480 долари годишно ќе рипне на 1458 долари.

„Тимот на Canva помина многу долг пат од лансирањето во 2020 година, со големи подобрувања во колаборацијата, управувањето со брендови, лансирањето на Visual Suite и инвестирањето во Magic Studio.

Нашата првична цена ја одразуваше раната фаза на развој на производот и остана непроменета во првите четири години. Сега ја ажурираме цената за клиентите на овој постар план за да со одрази на нашето проширено искуство со производите, додека оние што се приклучија од април веќе ги имаат новите тарифи“, вели претставникот на Canva за SmartCompany.

Добра вест е дека нема никакви промени на тарифите за поединечни корисниците. Изедначувањето на цената ќе ги зафати единствено корисниците кои ја користат платформата за колаборација.

Цена на напредокот

Новата цена е најмногу предизвикана од вклучувањето на вештачката интелигенција. Компанијата смета дека по вклучувањето на вештачката интелигенција нејзините клиенти ќе бидат значително попродуктивни. Корисниците може да генерираат слика со помош на текст промпт, па дури и да ја прошират позадината со помош на вештачка интелигенција.

Најголем дел од корисниците можеби и не се најмногу огорчени од повисоката цена туку од начинот на кој се известени. Најавата за покачувањето е споделена единствено во имејл пораки до корисниците, пишува Verge.

Со повисоката цена на претплата Canva престанува да биде евтина алтернатива на поскапиот софтвер за дизајн. Иако и понатаму е далеку е поевтина од софтверот на Adobe. Сепак, тоа не спречи дел од корисниците да се заканат дека ќе ја прекинат својата претплата и ќе се префрлат на Adobe.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk