3 гејминг предлози: Cozy Sanctuary, Vampire Therapist и Game Feeder Pack 2

Cozy Sanctuary – Релаксација и во игра и на десктоп површина

Cozy Sanctuary ќе ви се допадне доколку сте фанови на посебните хибрити од игри и релаксирачки алатки кои се сместуваат на самото дно од вашиот екран. Особено мило ни е што се повеќе и повеќе наидуваме на вакви наслови. Моментно, Cozy Sanctuary е достапна во демо верзија, но доколку решите да ја проверите ќе се здобиете со уникатната можност да да управувате со виртуелно засолниште за животни додека извршувате други секојдневни обврски како, пример, пишувањето на овој текст. Cozy Sanctuary не бара од вас постојано внимание; играта функционира како ненаметлив придружник во позадина, нудејќи релаксирачко искуство поврзано со грижење за разни суштества во сопствено темпо и без никаков притисок.

Основната задача во Cozy Sanctuary е одржување на хигиената и среќата на животните преку нивно хранење, чистење и повремена интеракција. Покрај ова, ќе ви биде доделен и мал земјоделски систем каде што можете да одгледувате храна за вашитемиленици, да ги полевате тоа што сте го засадиле и да користите ѓубриво за да го забрзате растот. Кога животните се среќни (и посреќни) тие генерираат поени кои, потоа, може да се искористат за отклучување нови видови, дополнителни растенија и корисни објекти. Како што напоменавме, играта не сака ни 1 процент да ви наметнува обврски туку сака да ве релаксира. Поради тоа, воведени се алатки за автоматизација, како што се автоматски хранилки кои помагаат за самоодржлив екосистем во подоцнежните фази.

Cozy Sanctuary се одликува со шармантен и симпатичен уметнички стил кој внесува топлина на работната површина. Како што напоменавме, можете да си го уредувате вашиот простор со разни украси, како клупи, цвеќиња и светилки, се со цел да го создадете вашето идеално катче по сопствен вкус.

Cozy Sanctuary ќе излезе на 16 април, но демото е сосема доволно за да го проверите исклучително пријатното искуство кое успешно балансира помеѓу пасивна забава и активно менаџирање. Без разлика дали барате краток одмор од работните задачи или едноставно сакате симпатично друштво на екранот, овој наслов нуди одличен начин за намалување на стресот.

Vampire Therapist: Терапија за бесмртните пристигна на PlayStation 5

BAFTA-номинираниот инди хит Vampire Therapist го направи премин од PC верзијата на PlayStation 5 и Nintendo Switch. Додека го чекаме излегувањето и на Xbox, која се очекува месецов, решивме да ја погледнете на кратко PS5 верзијата. Vampire Therapist се продава како целосно издание на PS5 кое, покрај основната игра, ги вклучува сите претходни бесплатни надградби, како и Couples Therapy додатокот. Доколку решите духовно да лечите вампири на PS5, студиото Little Bat Games има имплементирано подобрена поддршка за контролерот, нудејќи поудобно и порелаксирано искуство.

Светот на бесмртните од удобноста на вашата софа

Како што објаснивме и преку нашиот PC преглед, играта е наративна авантура, односно визуелна новела каде ја преземате улогата на Сем, реформиран каубој кој, сосема случајно, е и вампир кој учи како да стане терапевт за своите бесмртни колеги.

Гејмплеј механиките се длабоко вкоренети во реални концепти од когнитивно-бихејвиоралната терапија, дополнително одобрени од лиценцирани терапевти. Па така, потребно е внимателно да ги слушате клиентите и да ги предизвикате нивните изјави кога ќе детектирате одредени когнитивни дисторзии. На овој начин, им помагате да увидат каде нивните мисли не соодветствуваат со реалноста. Целото искуството е дополнително проширено со мини-игри, како што се техники за медитација и механики за, ахем, безбедно хранење.

Приказната во VT е сместена во уникатен амбиент над готски клуб во Германија. Тука, се среќавате со емоционално повредени вампири од различни историски епохи, вклучувајќи ликови од античка Грција, ренесансна Италија и револуционерна Франција. Целата темна европска атмосфера е надополнета со извонредна гласовна глума, која вклучува познати имиња од индустријата како Метју Мерсер (Critical Role, Baldur’s Gate 3) и Франческа Мео (Hades). Карактеристично за вакви игри, визуелниот стил е статичен, но уметничкиот правец е детален и експресивен, успешно доловувајќи го спојот на интроспекција и црн хумор.

Vampire Therapist е освежувачки и интелегентен наслов кој успева да обработи сериозни теми за менталното здравје преку призмата на натприродното и хуморот. За љубителите на наративни игри кои ја прескокнаа PC верзијата само затоа што сe лојални поклоници на конзолата на Sony, сега и имаат екслузивната можност да лечат натприродни, психолошко нанесени лузни директно преку DualSense контролерот.

theHunter: Call of the Wild – Game Feeder Pack 2 – Нова димензија на тактичкиот лов од заседа

Најновиот додаток за една од најпопуларните симулаци на лов, theHunter: Call of the Wild се вика Game Feeder Pack 2 и ви овозможува да применувате постратешки и статични пристап преку користење на три нови типа на хранилки. Поради тоа, засукајте ги ракавите, и започнете одново со внимателно проучување на екосистемот, анализа на теренот и прецизно позиционирање на мамките. Животните нема сами да се уловат.  

Game Feeder Pack 2 се одликува со три издржливи уреди, секој наменет за привлекување на различни животни преку специфични ресурси. Mineral Lick користи солен блок како основна мамка за да привлече претходно потешко достапни тревопасни животни, како диви овци и кози. Scent Tube, од друга страна, се полни со парчиња месо за да привлече помали предатори и мршојадци, како лисици и волци. И како трет механизам го имате таканаречениот Carcass Feeder кој бара од вас да вметнете цел труп како мамка за да можете да ги привлечете најголемите и најдоминантните предатори. Со оглед на тоа дека додатокот воведува хранилки, треба да се напомене дека додатокот е само за одние кои се исклучително трпеливи и кои сакаат нов елемент на менаџирање со ресурси. 

Game Feeder Pack 2 е мало, но ефикасно проширување кое нуди на ветераните, па и на новите играчи алтернативен пристап кон ловот. Основната структура на играта никако не се менува со Game Feeder Pack 2, но повеќе од добредојдени се трите специфични алатки за мамење, вметнувајќи нов слој за планирање и реализам. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk