Scar-Lead Salvation: неискористен потенцијал?

Ако сте расположени за акциона игра со прекрасна хероина и едноставни гејмплеј механики, сместена во минималистички, случајно генерирани простори исполнети со роботи, тогаш заедничката работа на Idea Factory, Compile Heart и Neilo Inc. можеби е токму она што го барате. Но, дали оваа игра има доволно возбудливи моменти за да ве задржи со ваквиот дизајн и механики, или пак станува збор за досаден наслов кој треба да го избегнете?

Scar-Lead Salvation ве става во улога на Вилоу Мартин, млада жена која се буди во напуштен воен објект без никакви сеќавања за своето минато или како пристигнала таму. Единствени нејзини придружници се вештачка интелигенција и бранови од смртоносни роботи кои го чуваат објектот. Низ вашите патувања низ едноличните комплекси, уништувањето роботи се испреплетува со чести разговори помеѓу Вилоу и ВИ, поставувајќи го прашањето дали може да ѝ верувате на интелегенцијата која ве води, или пак и таа има скриени мотиви?

Наративниот пристап на играта се потпира на откривање на делови од приказната преку секој нов обид за бегство. Со оглед на тоа дека се работи за roguelite наслов, смртта не е крај, туку можност да се научи нешто ново за светот и за минатото на Вилоу. Се работи за солидна идеја која е несмасно изведена, сервирајќи расцепкани разговори, кратки аудио клипови и предмети. Поради ова, може да се случи да се отежне поврзувањето на целокупната приказна, но разговорите се доволно чести и разнолики, а глумата вешто се труди да го задржи вашето внимание.

Клучна карактеристика во Scar-Lead Salvation е процедуралното генерирање на нивоата, што значи дека секој кат од воениот објект треба да понуди нов распоред, нови непријатели и нова опрема. Борбата е брза и динамична, дозволувајќи ви да користите разновиден арсенал на оружја кои користат различни статусни ефекти за да ги совладаат роботските противници. Успешното избегнување и парирање на нападите полни посебен систем кој, откако ќе се активира, обезбедува краткотрајна состојба на привремена неповредливост и огромна моќ. Сепак, и покрај солидните основи на борбениот систем, играта страда од репетитивност. Иако нивоата се процедурално генерирани, тие честопати се многу слични и се со ограничен број на варијации во дизајнот на собите и ходниците. Непријателите, исто така, стануваат предвидливи по некое време, што го намалува предизвикот и возбудата од секој нов обид.

Scar-Lead Salvation е амбициозен обид на Idea Factory и Compile Heart да зачекорат во нов жанр. Играта има солидна основа со својот брз борбен систем и интригантна почетна мистерија. Сепак, играта не успева целосно да го исполни својот потенцијал поради изразената репетитивност во дизајнот на нивоата и непријателите, како и поради расцепканиот начин на раскажување на приказната. Ако сте голем обожавател на roguelite со аниме естетика и не ви пречи репетитивноста, Scar-Lead Salvation можеби ќе ви понуди неколку часа забава. Сепак, за повеќето играчи, особено со оглед на цената, можеби е подобро да се почека попуст или да се истражат други, повеќе рафинирани наслови во овој жанр.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk