Meteorfall: Krumit’s Tale – Загатки со карти

во гејминг

Како достоен наследник на својот мобилен претходник, Meteorfall: Journeys, Meteorfall: Krumit’s Tale успева да понуди свеж и иновативен пристап. Наместо класичното влечење карти, чедото на
Slothwerks воведува динамична механика базирана на табла, која ја трансформира секоја борба во комплексна загатка. Задржувајќи ги шармантните ликови и хуморот од оригиналниот универзум, играта додава значителна длабочина и стратегија што ќе ги предизвика дури и најискусните играчи. Играта неодамна излезе за конзоли и ви дозволува одново да го заштитите светот од злобниот Uberlich, влечејќи се низ пат које е поплочен со тактички одлуки, внимателно управување со ресурси и малку среќа.

Постојан циклус на ризик и награда

На почетокот на секоја зандана, вашите карти, кои претставуваат опрема и способности, се мешаат со картите на непријателите и се поставуваат на табла со димензии 3х3. Наместо да реагирате на картите што ви се делат, вие активно ја планирате својата стратегија со анализа на целата табла. Секој потег е важен. За да ги користите вашите способности и предмети, прво мора да ги купите истите од таблата користејќи злато, кое, пак, го добивате со поразување на чудовишта. Покрај тоа, по секоја исчистена зандана, добивате можност да го надградите вашиот шпил со нови, помоќни карти и да изберете пасивни бонуси кои драстично го менуваат начинот на игра, со што се овозможува креирање на најразлични комбинации и стилови на игра.

Аудио-визуелната презентација на Krumit’s Tale совршено го надополнува гејмплејот. Препознатливиот уметнички стил на Евгениј Витман, кој работеше и на претходната игра, се враќа во полн сјај. Ликовите и непријателите се нацртани со шармантен, цртан стил, а нивните анимации се флуидни и полни со карактер, давајќи посебна димензија на целиот свет. Музиката, компонирана од Крег Барнс, е весела и авантуристичка, создавајќи невообичаена и разиграна атмосфера. Звучните ефекти се исто така на високо ниво, давајќи задоволувачки одговор на секоја акција. Оваа хармонија помеѓу визуелното и аудитивното создава кохезивно и неверојатно пријатно искуство.

Еден од најголемите адути на играта е нејзиниот систем на прогресија, кој го почитува вашето време. Кога ќе ја започнете играта, достапен ви е само еден херој. Меѓутоа, со секоја завршена партија, без разлика дали е успешна или не, заработувате искуствени поени кои автоматски отклучуваат нови херои, карти и перкови. Овој пристап е освежувачки, бидејќи ја елиминира потребата за долго и монотоно собирање ресурси. Со пет различни херои, секој со свој уникатен шпил и стил на игра, и над педесет перкови, играта нуди огромна репродуктивна вредност. Секоја партија, која трае околу 45 до 60 минути, е процедурално генерирана, што значи дека занданите и предизвиците со кои ќе се соочите секогаш ќе бидат различни. Додадете ја на тоа и опцијата за автоматско зачувување, и добивате игра која е идеална како за кратки сесии, така и за подолго играње.

Meteorfall: Krumit’s Tale е брилијантно дизајнирана стратешка загатка завиткана во шармантна и хумористична обвивка. Играта е топла препорака не само за љубителите на првиот дел, туку и за сите фанови на deck-building игри како Slay the Spire или Monster Train кои бараат нешто ново и уникатно. Поради својот фер систем на прогресија и интуитивни контроли, насловот е топла препорака и на почетвниците. Поради тоа, ако барате игра која е истовремено предизвикувачка и релаксирачка, со огромна репродуктивна вредност и бескрајно забавна, тогаш Krumit’s Tale е наслов кој апсолутно не смеете да го пропуштите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments