Садржајни надополнувања за 2 одлични игри

во Вести

Две одлични и целосно различни игри од неодамна добија квалитетни надополнувања. Независно од тоа дали сте фанови на постапокалиптични фармерски симулатори или пак уникатни хорор авантури, ова се надополнувањата кои би требало да ги искусите!

Stygian: Outer Gods – Отворање на вратите на магловитата куќа!

Издавачите Fulqrum Publishing и студиото Misterial Games го исфрлија најновото големо ажурирање за нивниот наслов Stygian: Outer Gods. Ова ажурирање, кое носи значителна количина нова содржина, веќе е достапно за играчите и успева да воведе една, уште помрачна димензија, нешто што подлабоко го анализиравме во нашиот преглед за играта.

Со ова ажурирање, светот на играта се проширува со две нови, морничави локации: мистериозната House of Mists и морничавата Blood Forest. Овие зони кријат мрачни тајни и претставуваат ритуално место на главната вештерка Агата. Најхрабрите и најупорните истражувачи ќе имаат можност да откријат и специјално изненадување скриено длабоко во овие предели. Новите локации се населени со интригантни ликови и смртоносни непријатели. Кога сме кај непријателите, некои од нив добија нови, поопасни способности. Покрај ова, надополнувањето ќе ви дозволи да се соочите и со нови предизвикувачки загатки и мисии.

Како нов и достоен предизвик, играта конечно ја воведува и првата boss борба, но и нови артефакти, предмети и сосема ново оружје кое ќе ви помогне во борбата против силите на темнината. Како последна, но значајна вест, во Stygian: Outer Gods сега имате и преводи на повеќе јазици, вклучувајќи француски, германски, шпански, бразилски португалски, кинески, руски и јапонски.

Пасторални бранови пристигнуваат во Doloc Town: Првата голема надградба носи сточарство и аквакултура

Популарниот симулатор за фармерство, Doloc Town, кој доби исклучително позитивни критики од гејмерската заедница, a и здраво беше пофален од наша страна, станува уште поголем и побогат со содржина. Студијата RedSaw Games и Logoi Games ја најавија првата голема надградба за играта , насловена Pastoral Waves. Оваа експанзија, која е веќе достапна, воведува нови механики како сточарство и аквакултура, збогатувајќи го светот на оваа уникатна пост-апокалиптична фармерска авантура.

Од своето појавување во Early Access, Doloc Town успеа да освои 94% позитивни рецензии на платформата Steam, што сведочи за квалитетот и шармот на играта. Со новата надградба, Pastoral Waves, светот на играта се проширува со две клучни нови системи: сточарство и аквакултура. Сега имате можност да одгледуваат различни видови копнени животни, вклучувајќи и преслатки младенчиња, но и да се занимавате со одгледување риби. Овие системи се придружени со нови градби, објекти и целосно ново технолошко дрво посветено на сточарството, овозможувајќи ви да го специјализирате вашиот стил на фармерство.

Покрај новите механики за одгледување животни, Pastoral Waves воведува и нова фракција и NPC-а фокусирани на сточарството, кои отклучуваат свежи мисии и го продолжуваат главниот тек на приказната. Додадени се и две полуавтоматски алатки за полесно обработување на земјата, како и енциклопедија за суштества и растенија која ви помага да ги следите вашите откритија. Значајни подобрувања се направени и во системот за градење, кој сега овозможува полесно преместување и демонтирање на објекти. За комплетно уживање, визуелните и еколошките аспекти на играта се унапредени со подобрено осветлување и прилагодувања на теренот, со што се засилува уникатната пост-апокалиптична атмосфера.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments