Интервју со Моника Томашевска: Нашиот пазар на труд сѐ уште има огромен неискористен потенцијал

Моника Томашевска е ко-основач на KMT Solutions, компанија која по значајно искуство стекнато на холандскиот пазар, особено во областа на регрутација и развој на менаџерски кадри (Executive Recruitment and Executive Coaching), неодамна го врати своето седиште и фокус кон Македонија. Пристапот на KMT Solutions, како што ќе прочитате, е фокусиран на развојот на луѓето како клуч за успешни бизниси и афирмирањето на автентични лидери, каде „факторот личност“ игра најважна улога.

За самата Моника, нејзината улога е спој од психологија и стратешко искуство, со посебна страст кон работата со луѓе. За да добиеме појасна слика за работењето на KMT Solutions и нивното враќање во Македонија, разговаравме со Моника.

Моника Томашевска: КМТ Solutions е компанија која се занимава со развој на успешни компании преку фокус на развојот на најважната компонента во бизнисот – луѓето. Нашиот фокус е афирмирање на автентични лидери на иднината, во сите толкувања на зборот (тесни специјалисти, професионалци, менаџери и претприемачи) преку истакнување на сопствената автентичност и најважниот фактор во успехот – факторот личност. 

Мисијата на КМТ е да создаде пазар на трудот во кој секој има можност да биде свој и автентичен во работата која ја работи и кариерата која ја гради, бидејќи сметаме дека токму со таа можност луѓето го ослободуваат максималниот потенцијал. На тој начин, сметаме дека ќе ја подигнеме целосната игра на пазарот и дека ќе создадеме средина во која сите ќе бидеме соработници, а не конкуренти, и дека со потенцијалот кој го имаме како локален пазар ќе бидеме уште покомпетитивни на светските пазари. 

Мојата улога е и стратешка и оперативна, земајќи ја предвид комбинацијата од едукативна позадина како психолог и долгите години работа на стратешки позиции во големи компании во Холандија. Работата со луѓе ми е посебна страст, па оперативно сум секогаш присутна. 

МТ: Во Холандија се преселивме за да се специјализираме во гранката на Регрутација и развој на менаџерски кадри (Executive Recruitment and Executive Coaching) и да учиме од едни од водечките сили во таа специјализирана индустрија. Таму, увидовме дека, додека на големите корпорации оваа услуга им е достапна и ги развива во невидени размери, помалите компании, особено стартапите и компаниите до 50 вработени, наидуваат на блокада и често стагнираат со раст токму поради лошиот избор на менаџери во раните фази на постоење, или нестратешкото регрутирање. 

Спојувајќи ги јаките страни на мене и Кристиан, основачот на КМТ, кој позади себе има долгогодишно менаџерско искуство, и јас, со мојата позадина во работа со луѓе, меѓународна регрутација и тренинг и развој на професионалци, одлучивме да бидеме партнери на овие компании, особено во ИКТ индустријата, и да посведочиме на градење на многу успешни приказни.

Нашата поставеност е секогаш повеќе од трансакциската страна на работењето во нашата индустрија – ние во прв план го ставаме градењето на партнерство и максималното искористување на потенцијалите кои организацијата ги поседува, и целта ни е да направиме поголем социјален импакт.

МТ: Најзначајното искуство е дека успехот стои позади рамките на ограничувањата со дефиниции. Холанѓаните се неверојатни бизнисмени кои од секоја идеја можат да продуцираат профитабилен бизнис. Па така, научивме дека не треба да се ограничуваме земајќи ги предвид нашите стандардни мантри како ‘нема шанси тоа да се продаде’ или ‘веќе има многу играчи во тој бизнис’. Секој од нас како претприемачи носи нов фактор на диференцијација и тој фактор лежи токму во специјализирањето на бизнисот за клиенти со кои најдобро можеш да се поврзеш, и не треба да се ограничуваме во ниедна насока. 

А лекција, да, најдобрата лекција е дека како македонци сме поспособни, поедуцирани и потрудољубиви од било кој европски гигант. Наша лична мисија со Кристиан е да ја створиме оваа самодоверба кај сите професионалци до кои ќе допреме со нашето работење тука, во Македонија.

Моника и Кристиан Томашевски

МТ: Откако заминавме во Холандија, заминавме со едно мото – одиме за да земеме се што може да се земе од големиот пазар, и да го вратиме дома. Во текот на сите години таму соработувавме и со македонски компании кои се советуваа со нас во однос на некои компарабилни варијабли, но и со индивидуи кои сакаа да се преселат па им требаа клучни информации, или само да проверат дали кариерата им оди во правилна насока. Така никогаш не го изгубивме контактот со маркетот. 

Откако се одлучивме, од семејни причини, оваа пролет да се вратиме дома, решивме поструктурирано и пофокусирано да се насочиме и на развој кон македонскиот пазар, и несебично да пренесеме се што научивме таму, дома. 

МТ: КМТ планира да се посвети на двата аспекти B2B и B2C, поради тоа што заедничка страст со Кристиан ни се и работата со компаниите и нивниот развој, но и работата со луѓето. 

Во однос на компаниите, нашите услуги се во насока на Бизнис консултации во кои, по моделот во Европа, со секоја компанија ќе направиме акционен план за работа кон развој. Активностите кои ќе бидат вклучени во тој акциски план зависат, и ќе бидат моделирани, согласно со потребите на компанијата – тука вклучуваме регрутација и селекција, развој на лидерски кадри или лидерски тимови, па дури и соработки во развој на заеднички стартапи. Небото е лимит. 

Во однос на компонентата професионалци, ќе работиме сесии за Кариерен развој и подготовка за пазар на труд (локален и интернационален), како и водена подготовка за перформанс на интервјуа. Сакаме да ги насочиме луѓето кон развој кон лидери на иднината – без разлика дали тие тоа ќе го дефинираат преку тесно специјализирана експертиза, менаџмент или претприемништво. 

Станавме и официјални партнери на едни од највалидните психолошки алатки за работа со лидери, па следуваат и сертифицирани обуки за нашите професионалци за користење на истите. 

Во однос на секторот, ИКТ секторот сеуште останува наш главен фокус, како и секој традиционален сектор кој смета дека треба да транзитира кон модерните трендови. 

Во Холандија имавме многу успешни приказни каде огромни корпорации од областа на агрокултура, флоракутура или малопродажба ја увидоја можноста кон дигитализација, користење на дата и вештачка интелигенција (особено во екот на пандемијата), и направивме модели на Startup culture in Corporate, кои го трансформираа работењето на целата индустрија! На некој од следните настани ќе ги прикажеме токму нив како case studies, па можеби ќе ги мотивираме и нашите локални корпорации да размислуваат кон промени. 

Моника, Кристијан и Ана Ацеска

МТ: Очекуваме да направиме голема промена во однос на mindsetot и да ја поставиме регрутацијата во двонасочната функција во која и треба да биде. Компаниите бираат луѓе, но и луѓето бираат место каде ќе ја градат својата кариера. Очекуваме луѓето кои се на позиции на водење на компании да размислат малку подалеку од тоа кој е професионалецот кој ни треба само врз основа на искуство и диплома, туку да размислат на тоа која е идеалната личност, која ќе влезе низ врата и ќе ни даде доверба дека нештото ќе биде завршено во најдобар квалитет! Очекуваме луѓето да го размислат поимот кариера подалеку од работно место за месечен приход, туку да го размислат во функција на истакнување на својата индивидуалност и автентичност! И со сето тоа, очекуваме светот да го гледа уште повеќе македонскиот талент како компетитивен и надвор од географските рамки. 

МТ: Нашата компанија, иако во core бизнисот е од рамките на менаџментот консалтинг, по специфичноста на својата работа се стреми и кон усвојување на модерните трендови, па така, за нас, привлечни идни кадри би биле оние кои поседуваат доволно личносни потенцијали за советодавна работа, но и капацитет и мајндсет за насочување кон модерните технолошки трендови како вештачка интелигенција и машинско учење. 

Кои ги гледате како најголеми можности, а можеби и предизвици, за работењето на KMT Solutions во Македонија во споредба со искуството од Холандија?

Нашиот пазар на труд сѐ уште има огромен неискористен потенцијал кој треба да се извади на површина и да се насочи кон успех, во која и да е личната дефиниција на успех. Лично, мислам дека доаѓаме во едно идеално време, во кое луѓето почнуваат да се вадат од стегите на едно работно место до крајот на животот, и почнуваат да размислуваат за кариерен транзит во сите фази од животот. Компаниите, од друга страна, станаа се посвесни дека луѓето не се само ресурс, туку се и потенцијал за поголема профитабилност, и дека се главна варијабла во секој бизнис модел. Па така, јас и Кристиан, со флексибилноста која секогаш ни е главна карактеристика, и сеуште традиционалното почитување на личниот контакт со сите клиенти, сметаме дека единствениот предизвик кој е пред нас е времето да постигнеме се што сме наумиле, во период во кој и персоналниот живот ни е во полн ек после долги години надвор од дома. 

МТ: Враќањето во Македонија за мене е личен емоционален успех. Се вративме поради семејните транзиции – остварувањето во улога на мајка за мене донесе нова дефиниција за светот. Гледајќи како семејството реагира на нашата промена и како моето дете расте исполнето со љубов и сите оние топли семејни карактеристики што не прават нас, Македонците специфични, е од непроценлива вредност.

Кариерно, после долго години комбинација од корпоративно работење во лидерските тимови на големи интернационални корпорации и развивањето на сопствен бизнис, овој чекор ми ја даде слободата конечно да се посветам на она што е важно – развивањето на мојот бизнис и градењето на импакт точно преку вредностите кои јас сакам да ги застапувам. 

И да, споменувајќи ја семејната ситуација, јас имам и одговорност да создадам пример кој мојата ќерка (се надевам) ќе го следи. А тој пример сакам да биде пример на исполнет и само актуелизиран професионалец, кој има енергија не само за кариерата, туку и за смејниот и социјалниот живот, како и за обрнување комплетно внимание на себе и сопственото физично и ментално здравје. 

Моника К. Томашевска

МТ: Земајќи предвид дека нашата објава дека сме се вратиле дома предизвика огромна емотивна лавина од врвни наши професионалци кои се исселени во странство, мојот совет секогаш е – следете го срцето. 

Светот е веќе оптимизиран за работа и надвор од физичките рамки и граници. Доколку вашето комфорно место е дома, дозволете му да биде. И не се плашете да го преземете првиот чекор.

Ние имаме многу природни убавини, неискористени потенцијали, а и државата е наша за менување и подобрување. Да вложиме се што сме зеле назад, во земјата која не израсна и не направи доволно добри за да бидеме успешни и таму каде што сме заминале.

МТ: Би ги поканила сите на нашиот настан на кој ќе зборуваме на темата која ја води нашата мисија – Beyond the CV – Автентичноста како клучен фактор за успех.

Настанот е на 12ти Јуни во 18:00 часот во Среќа бар Аеродром.

Добредојдени се сите кои сакаат да се охрабрат да бидат автентични и свои и да ни дозволат да ги убедиме колку тоа навистина води до успех, како и носители на бизниси кои ова ќе го препознаат како тајна алатка во нивниот бизнис. 

Повеќе детали има на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk