Вежбајте го вашето пишување на тастатура преку играта Touch Type Tale – Strategic Typing

во гејминг

Доколку сте гејмер кој често пишува во слободно време или како дел од работна обврска, тогаш сигурно сте се запрашале зошто нема повеќе игри во кои би се вежбале или тестирале вашите способности за пишување. Денес сме тука да ви кажеме за неодамна излезената Touch Type Tale. Се работи за ретка, но прекрасна игра во која навлегувате во магичен свет преку пишување.

Тактичко пишување

Од заедничките сили на Pumpernickel Games и Mythwright, доаѓа стратешка игра во која управувањето е директно врзано со пишувањето. Празниот трон на кралството Minsteria е примамливо искушение за бројните благородници и бандити. Како несудениот херој, вашата задача е да користите машина за пишување да издигнувате цели села, да тренирате, формирате и управувате со армии низ територии полни до непредвидливи предизвици.

Моќта на тастатурата

Сите активности се изведуваат со помош на вашата тастатура, односно преку пишување одреден збор поврзан со активноста. Имено, наместо да кликнете на армија и да и наредите да оди кон горниот пат, вие го пишувате зборот кој лебди над горниот пат. Штом го напишете зборот, армијата автоматски се упатува во тој правец. Имате неколку капии за напаѓање? Напишете го зборот кој се наоѓа до капијата која сакате автоматски да биде нападната од вашата армија!

Ваквиот инвентивен начин на пишување се користи за реализирање на сите механики во играта. Со пишување одредени зборови можете да создавате најразлични армии. Секоја од армиите се одликува со уникатни дефанзивни и офанзивни параметри и способности, пружајќи поразлични исходи на бојното поле. Од особена важност е имплементирање стратегии во поглед на тоа какви видови единици користите против непријателските, како и од која страна напаѓате и со колкава бројка. Пишувањето ви дозволува да вработувате и користите работници да работат или во рудник или на фарма. Златото што го печалите на овој начин потоа го користите, преку пишување, секако, да ги надградувате ем армиите ем структурите кои ви помагаат за дополнително регрутирање.


Не сте сигурни дали е Touch Type Tale за вас?

На располагање имате и повеќе од одлично демо кое ви дозволува да поминете низ 4 соло и 4 мултиплеер мисии. Преку демото ќе можете да ги проверите сите пет нивоа на тежина и сите 13 јазици исто така.


Touch Type Tale посебно сјае во борбените ситуации кога треба брзо да размислувате и да донесувате стратешки одлуки. Во тие ситуации не се работи само на подобрување на вашата способност за брзо пишување, туку и на вашата способност за правење повеќе работи од еднаш. Touch Type Tale е одлична игра и за учење јазик. Благодарение на поддршката на 13 јазици, ќе можете да научите како се пишуваат бројни зборови и на француски, германски, италијански и многу други.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Pumpernickel Studio
  • Издава: Mythwright
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 4 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk