Спонзорирано

Научете визуелни ефекти за филм со помош на VFX Nest – интервју со Александар Ѓорѓевиќ, координатор на едукативниот центар

Спонзорирано од VFX Nest

во Интервјуа, ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Доколку сте размислувале како да стекнете вештини за визуелни ефекти и како да станете висококвалификуван, креативен професионалец подготвен да работи на блокбастер проекти, тогаш Fx3x го има одговорот за вас: VFX Nest – академија која ќе ве подготви да работите визуелни ефекти за филм.

Во продолжение, координаторот на едукативниот центар, Александар Ѓорѓевиќ, ја појаснува програмата, условите како и што ќе се научи на академијата која отпочнува со нов циклус од 15-ти септември…

Која е приказната зад VFX Nest?

Александар: Визуелни ефекти (VFX) се всушност волшебната фузија на технологијата и уметноста, која постојано се развива и го обликува начинот на кој ja доживуваме магијата на филмот.  Аспиративните уметници на VFX често избираат да го почнат патувањето во оваа авантура со образование, при што курсевите на VFX Nest им помагаат да го осветли патот во бесконачноста на избори. VFX Nest е место за унапредување на нивните вештини, страст и приспособливост за да се истакнат на ова динамично поле.  Курсевите се развиваат во тандем со трендовите, новите технологии и потребите на индустријата и е клучен чекор во негувањето на следната генерација на артисти за визуелни ефекти.

Дали академијата се роди од идеја за промовирање на VFX индустријата или потребата од кадар?

Развојот на пазарот и градењето на интернационално релевантен кадар беше нашата мотивација од самиот старт кога го создадовме VFX Nest пред десетина години. Во нашиот регион не постои друга опција, а потенцијал има многу. Преку VFX Nest сакаме несебично да го споделиме искуство кое изминативе 25 години се гради во FX3X Cinecite а со тоа и да овоможиме развој на многу нови артисти.  

Новиот VFX Class за филмската индустрија отпочнува на 15-ти септември. Што подетално се изучува на курсевите и дали се потребни некакви претходни квалификации?      

Александар: VFX курсот е дизајниран да обезбеди сеопфатно и практично (hands-on) искуство.  Опфаќа сè, од основите на визуелните ефекти до напредните и современи техники што се користат во индустријата. Посебно се става акцент на практичните вештини и проектите од реалниот свет за да се осигураме дека студентите се подготвени за предизвиците на индустријата.

Не се потребни, сертификати или дипломи, ниту специфични претходни квалификации.  Кандидатите може да бидат надежни уметници, почетници во светот на VFX или креативци подготвени за промена во кариерата.Покрај техничките вештини, бараме кандидати со силно чувство за креативност, способност за решавање проблеми и способност за соработка. VFX е мултидисциплинарно поле, а тимската работа е од суштинско значење за создавање беспрекорни визуелни ефекти.

Кој ќе го пренесува знаењето на студентите и дали учењето е remote, со физичко присуство или хибридно?

Александар: Имаме посветен тим кој постојано ги следи трендовите во индустријата и ја прилагодува програмата. Артистите ке можат да учат директно од професионалци кои работат во VFX индустријата за да се осигураме дека нашата наставна програма го одразува најновиот софтвер, техники и најновите технологии. Се прават редовни ажурирања и прилагодувања за да ги одржуваме нашите студенти на самиот врв на технологијата која постојано се менува и еволуира. Листата на предавачи и нивните специјалности е достапна на vfxnest.com. Секој од нив има во просек над 7 години работно искуство на големи холивудски но и помали европски проекти.  Наставата во Скопје ќе се одвива со физичко присуство. Паралелно, предавањата ќе бидат пренесувани на уште две локации во регионот каде студентите ќе работат со асистенција на локални координатори.

Што е тоа што студентите ќе го добијат по завршување на курсот во поглед на знаење и подготвеност за работа? 

Александар: Практичното искуство е навистина од витално значење. Нашиот курс вклучува серија практични проекти кои имитираат сценарија од реалниот свет. Студентите работат на различни проекти, од едноставни визуелни ефекти до сложени секвенци  со професионалци од индустријата за да обезбедиме атмосфера на вистинската индустриска средина и овозможиме да изградат разновидно портфолио. 

Секогаш ни е тешко соодветно да ги преведеме техниките и методите на работа па затоа еве ги на англиски, секако за успех во овој свет мора да се познава тој јазик. Курсот во пероиод од 5 месеци и секојдневна интензивна работа со вкупно 450 часови опфаќа: fundamentals of digital designs, layer-based compositing, clean plate & wire removal, concepts of set extension & CG integration, match moving & camera tracking, rotoscoping. 

Кажи ни нешто повеќе за FX3X Cinesite тимот? Што поточно работи овој тим?

Александар: FX3X Cinesite, најголемото студио за визуелни ефекти и анимација во Југоисточна Европа, е коосновано од Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ во Скопје во 1997 година. Со текот на годините, испорачавме спектакуларни секвенци за продукции, вклучувајќи ги Everest, Terminator Salvation, Spectre, Spiderman: Far From Home, и Sonic the Hedgehog. Подетална листа со наши прокети е достапна на fx3x.com.  

Со посветеност да се испорача најквалитетна работа, нудиме широк спектар на услуги, вклучувајќи визуелни ефекти за филм, ТВ и епизоди, пост-продукција, дигитален интермедиум, снимање на движење и изнајмување камери. 

Во април 2022 година, FX3X стана дел од групата Cinesite компании за услуги за забава, давајќи ни пристап до светската мрежа на таленти, експертиза и ресурси. 

Курсот нуди стипендија за 30 студенти, кои се критериумите за добивање на целосна стипендија за курсот?

Александар: Достапни се 30 стипендии од по 3.000 евра за селектирани таленти кои ќе бидат избрани од сите пријавени. Во процесот на селекција одлуката ја носиме преку детални разговори со кандидатите. Со секој заинтересиран имаме најамлку едно интервју и разговараме за нивните желби, посветеност, искуство и сл. Не постои фиксна скала по која оценуваме, секогаш сме фокусирани да им дадеме шанса на оние кои навистина сакаат да се развијат во светски VXF артисти.

Патем, сите заинтересирани може да се пријават на vfxnest.com. Пријавите се во тек а новата VFX група со работа започнува на средина на септември. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на VFX Nest . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]