МАРнет – Регистраторите досега не посветуваа доволно внимание при идентификацијата на регистрантите

во ИТ.МК

Измените во Правилникот за .мк домени кој Марнет ги воведе пред десетина дена предизвикаа бурни реакции кај регистраторите. Најмногу од критиките се насочени кон построгите правила за верификација, ограничувања за странски корисници и промени во управувањето со личните податоци на регистрантите.

Првите реакции беа дека Правилникот нѐ враќа во периодот пред дигитализација и либерализација на пазарот на домени. Ако не помните, во овој период требаше рачно носење на барање за регистрација и промени на NS во канцелариите на Марнет.

На оваа тема веќе разговаравме со Столе Китановиќ од Zemi.mk, и со Билјана Шијаковска и Иван Петрушевски од МКхост. Сега ги споделуваме и одговорите кои пристигнаа од МАРнет.

Кои се причините за последните промени, што се надевате дека ќе постигнете со нив?

Последните промени на правилникот кој е донесен пред 20 години се со цел модернизација и можност за целосна дигитализација на процесите и подобрување на техничките и безбедносните аспекти кои Регистраторите (по старо Регистрарите) ќе може да ги користат во процесот на управувањето со врвните национални домени.

Во оваа насока се и техничките предуслови за конечно воведување на DNSsec како стандардна безбедносна технологија како дел од националните домени. Дополнително во дел од правилникот и условите за работа на Регистраторите се додефинирани пропусти и недоследности кои правилникот ги имаше и кои на некој начин се наследени од минатото.

Со последните измени, јасно е дефинирана улогата на Регистраторите кои како правни лица со регулирана дејност пренесена од МАРнет ќе овозможи дигитализација и модернизација на процесите со употреба на напредни електронски средства. Процесот на усогласување, вклучување соработка на постојните Регистратори, експерти од областа како и добри пракси од регионот и ЕУ во насока на подобрување на достапноста на услугите.

 Забелешките на регистраторите се дека непотребно се отежнува регистрацијата, странски физички лица не може да регистрираат .мк домени кој е вашиот одговор?

Процесот на регистрација на домени е усогласен со добрите пракси на идентификација на сите корисници на домени (физички и правни лица) на начин кој е соодветен со моменталната законска рамка. Тука особено беше опфатен аспектот на дигиталната идентификација и точноста на податоците со цел заштита на интересите и можност крајниот корисник на еден домен да може да биде контактиран на релевантен начин во случај кога тоа законски е потребно. Во оваа насока, кај странските лица се користи она што веќе Законската рамка го дозволува како усогласеност со ЕУ директивите односно дигиталниот идентитет е клучна технологија околу која се концентрира процесот на идентификација на корисниците. Оттука, нема некои посебни пречки во однос на странските лица се додека за истите е познат нивниот идентитет или правото е пренесено на нивни законски застапник.

Aнализата на моменталната состојба покажа дека Регистраторите досега не посветуваа доволно внимание при идентификацијата на регистрантите што потоа носеше низа на потешкотии во однос на потврдата и валидноста на податоците на корисниците.

 Зошто повеќе не може да се регистрираат домени со 1 карактер?

 Должината на домените во однос на бројот на карактери и согласно одредени стандарди на ДНС ги дефинираат релевантните институции како ИАНА. Мораме да укажеме дека во светот постојат два типови на домени – национални домени кои се со 2 букви и се поврзани со 2 карактери и се доделуваат на државите според нивните ИСО ознаки (како .mk .me .nl .eu .de) и класични т.н top level domeni (како .com .net .architech . trade итн). Уредувањето потоа во рамките на top level домените е оставено слободно, додека за националните домени има правила и препораки кои се во насока на заштита од имперсонација и безбедносни практики. Оттука се дефинирани минималните должини и минимумот е 2 или повеќе карактери. Сепак, во насока на обезбедување на некаков компромис и за специфични случаеви (кои исто се дефинирани во препораките на ИАНА) се дозволени отстапки од ова, но само во случаи на имиња на трговски марки и заштитени права. Битно е да напоменеме дека заштитена трговска марка и другите сродни права од областа на интелектуалната сопственост не може да се примени на општи зборови, фрази или поединечни букви па оттука имаме усогласеност со европските регулативи.

Која е потребата за повторното враќање на шалтерот за регистрација на домен?

Новиот правилник овозможува целосно дигитално процесирање на бизнис процесите. Ова особено ќе е практично бидејќи образецот кој и понатаму е задолжителен како образец и архивска граѓа за секој домен и кој во животниот циклус на доменот го формира т.н. досие за доменот ќе може да биде целосно дигитален со пропишана форма согласно Законот за електронски документи со што МАРнет ќе може потоа овие податоци да ги добие во дигитална форма која ќе може дигитално да ја чува и потоа соодветно како јавна институција да ја предаде во Архивот на РМ како архивска граѓа согласно Законот за Архивско работење.

Од страна на Регистраторите, слободата да се користат напредните мерки за идентитет согласно Законите ќе овозможи олеснување и подобрување на процесите. Ова впрочем веќе го видовме во банкарскиот сектор каде што последните години имаме значително унапредување на дигиталните услуги и користење на системи за дигитална идентификација и обезбедување на дигитален идентитет.

„Шалтерот“ кој се враќа според последните измени се заменува со можноста за целосен дигитален процес во согласност со Законите. Регистрацијата на национални домени согласно Закон е регулирана и јасно дефинирана дејност која се грижи за „Именикот на Интернет“ и со донесувањето на новиот правилник се овозможува квалитетна дигитализација и зголемување на безбедноста во рамките на управување со домените.

За поздравување е позитивниот однос на поголемиот број на Регистратори кои во процесот на донесување на новиот правилник придонесоа со сет на идеи и препораки кои сега се дел од истиот и кои беа имплементирани согласно примери од регионот и ЕУ во насока на подобрување на состојбата на општата популација. Пред МАРнет и пред Регистраторите е комплексен процес во следните 3 квартали во насока на имплементација на новите правила кои заеднички треба да овозможат потпишување на .mk и .мкд со DNSsec криптографски клучеви во септември 2025.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments