Ако нешто сакаме тоа се храбри инди игри кои се залагаат да понудат поразлично, но крајно забавно искуство. Valley Peaks е една таква игра и, во чест на нејзинито излегување, решивме да седнеме со двајцата девелопери, да ги засукаме ракавите и да поразговараме за нивната игра.
Првото нешто што го дознаваме е тоа дека Tub Club е развојно студио составено од само двајца програмери. Томас Кроу и Џек Шатоу-Луние се двајца многу добри пријатели од Шкотска. Томас и Џек работат на игри долго време, уште од кога биле во средното училиште и, по многу гејм џам сеисии и студирање, работеле на кратко во ААА индустријата. Но, по одредено време, и двајцата сфатиле дека ААА менталитетот не е за нив и целoсно се посветуваат на нивниот прв проект – Valley Peaks!

Valley Peaks е симпатична и шаренолика игра во отворен свет. Преку забавни паркор елементи, играта ви дозволува да започнете релаксирачка авантура со качување и да инсталирате бројни радио кули на бројните високи места за да ги поврзете сите жители од целиот свет. На прв поглед, Valley Peaks би можеле да ве потсети на игри како A Short Walk, но за инспирација, Tub Club оделе во значително поразлични правци.
Оригиналниот свет на Valley Peaks беше еден вид извиднички камп каде што беше замислено да играте како младо животно што за прв пат се занимава со кампување. Потоа, се преселивме во поголем свет, бидејќи поправките на радиото едноставно немаа смисла, особено за качувањето на планините. Механиката за качување беше инспирирана од многу различни работи, но една од основните инспирации дојде од еден game jam на кој претходно учествувавме: користејќи го контролерот, играчите мораа да педализираат велосипед, L1 за левата педала, R1 за десната педала.
За нашата музичка подлога бевме инспирирани од многу прекрасни саундтракови за игри како што се Breath of the Wild и Monument Valley. Голема инспирација беше и Lo-fi жанрот.

IT.MK: Уникатната перспектива и механика за качување алудираат на одлично VR искуство. Дали некогаш сте размислувале да ја префрлите Valley Peaks и во VR?
Томас: Mногу луѓе ни го имаат кажано токму ова. Сигурни сме дека би било навистина кул да се игра играта во виртуелната реалност, но, немаме планови да направите таква верзија, можеби во иднина.
Сосема очекувано, моментната верзија на Valley Peaks не била лесна за правање. Најголем предизвик лежел во тоа што светот бил многу голем, а тимот бил многу мал.
„Најтешкиот дел беше дефинитивно обидот да реализираме сè што сакавме да создадеме за играта и да се погрижиме да не додаваме сè повеќе и повеќе функции, нешто што беше невозможно да го направиме во разумен временски период. Сепак, успеавме да се имплементираме неколку одлични карактеристики; дали знаевте дека можете да ги галите гуските?

Авторите зад играта се потсетуваат на тоа дека на почетокот на развојот на играта сакале да имаат засебен систем поврзан со трошење кондиција.
Во почетокот на развојот си игравме со идејата за издржливост при искачување. Движењето по ѕидот би било поврзано со скала од кондиција, при што поголемите дејства како скокање би го цеделе повеќе од скалата. Идејата беше да се создаде пометодичен, речиси тактички начин на искачување каде што ќе се трудите да бидете прецизни и добро да управувате со кондицијата, за да можете да го достигнете врвот. На крајот, видовме дека таквото нешто не беше премногу забавно и префрлувањето на играње без каков било систем за кондиција навистина го отвори светот за непречено искачување, без грижа за секое мало движење.

Некој омилен момент што би можеле да го споделите со нас за вашата игра?
Еден од моите највпечатливи моменти беше дефинитивно првиот пат кога успеавме да ја покажеме играта на настан во живо. Гледајќи како луѓето ја играат играта и уживаат со неа, како и можноста директно да разговараме со нив, беше одлично чувство кое направи целата наша посвета да има смисла! Неверојатно е кога ќе се помисли за тоа колку далеку сме стигнале со играта. Valley Peaks е остварување на нашиот сон.
При крајот на нашиот разговор, тимот имаше и златен совет за споделување за сите оние кои планираат да навлезат во бизнисот со создавање игри. Според нив ако сакате да создадете студио „не заборавајте колку е важна друга страна на медаљата – бизнис аспектот! Можеби не звучи подеднакво забавно како правењето игра, но исклучително важно е да се посветите целосно и на бизнис делот од целиот процес, како и да се убаво навикнете на предизвиците кои произлегуваат од тука.

Како последно нешто што прашавме беше дали би сакале уште нешто да споделат, дали за нивната игра, за нивниот тим, или пак за луѓето што ги подржале.
Нашето патување беше исклучително долго и едвај чекаме да ја пуштиме Valley Peaks во дивината. Не можевме да стигнеме онаму каде што сме сега без нашите пријатели, ментори, семејства и секако, без сите неверојатни играчи кои го играа демото за Valley Peaks! Ние сме исклучително благодарни за сета поддршка што ни ја дадоа.







