0 коментари 4 мин. читање 25 јули, 2024

Осум работи на кои повозрасните генерации носталгично се сеќаваат, но не и Gen Z

Со тек на време, повеќе или помалку, сите работи се менуваат. Во изминативе 30 години технологијата направи вистински бум.

Доколку ја споредиме интеграцијата на технологијата во нашите животи во средните деведесети години и денес, веројатно ништо не е исто.

Технологијата со сигурност ги промени сите наши навики, а Gen Z како генерација родена со електронски уред во рака и растена со технологија не се сеќава на тоа како изгледале доста работи пред технологијата целосно да надвладее.

Во продолжение 8 работи на кои повозрасните генерации се сеќаваат, но не и Gen Z :)

Photo by Peter Geo on Unsplash

Денес, секој смартфон кој што ни е во џеб има неколку камери, но во минатото се сликало само со фотоапарат.

Photo by Sebastian Pichler on Unsplash

Бидејќи телефоните немале именик, кога телефонот ќе заѕвони, не знаете кој е на другата страна од слушалката.

Photo by Sebastian Pichler on Unsplash

Каде и да сакате да одите денес, само ја одбирате саканата дестинација на вашата навигациска апликација и патот е прилично едноставен, но во минатото се користеле хартиени мапи.

Photo by Stephen Monroe on Unsplash

Сите информации кои што ни се потребни ги складираме во облак и можеме да пристапиме до нив од било кој уред и од било кое место на светот. А пак доколку немаме место во облакот, можеме да си доплатиме во секое време за повеќе простор.

Но, во минатото сѐ ова се вршело со извонредните флопи дискети кои што имале простор од само неколку мегабајти.

Photo by Vincent Botta on Unsplash

Секој од нас има по неколку електронски уреди кои што не ги споделува со никој друг. Но, во минатото, пракса било еден десктоп компјутер да го користи цело семејство.

Photo by Marissa Lewis on Unsplash

Пишување, бришење, линк, автоматско корегирање, граматичка помош, ChatGPT, сѐ ова звучи познато денес. Но, пред целава оваа технологија, луѓето пишувале рачно на хартија без никакво дополнително олеснување.

Photo by David Travis on Unsplash

Изборот на интересен филм не е лесна работа, но доколку ги замениме денешните Netflix и HBO со некогашните видеотеки, каде што филмовите се изнајмувале на ист принцип како и книгите. Тогаш можеби и ќе сфатиме колку само е променет начинот и пристапот до нашиот интересен филм.

Photo by Sean Benesh on Unsplash

Технологијата го движи светот, а и го менува доста брзо. Печатената книга како синоним за учење била главниот извор на знаење за сите ученици и студенти во минатото. Но, ова не е случај и денес, бидејќи интернетот е распространет и навлезен секаде и убедливо ја добива битката со печатените книги како главен извор на знаење.

Ако порано се учело воглавно од печатена форма на книги, денес се учи од повеќе форми на материјал како што се електронски и аудио книги, визуелни материјали, видеа, најразлични софтверски алатки и што уште не.

Photo by Jasmine Coro on Unsplash
Avatar photo
Напишано од

Љубомир Давитков

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top