Grandma, No! – Хаотична забава со проблематична баба

Grandma, No! е игра која ветува уникатно и смешно искуство базирано на симулации поврзани со физички закони. Развиена од студиото WALLRIDE и објавена од Super Rare Originals, оваа игра ве става (буквално) во папучите на една баба која се соочува со секојдневни задачи кои брзо излегуваат од контрола. Ако мислите дека лесно ќе се справите со обврската која произлегува од таквиот непредвидлив хаос, тогаш ве чека пријатно и урнебесно смешно изненадување.

Старински маки

Како што напоменавме, вие ја преземате улогата на баба, но не каква било баба, туку баба со еден куп обврски. Консултирајќи се со списокот од неисполнети задачи, би можеле да се помислите дека полесни „квестови“ – здравје. Арно ама, физичките закони се до тој степен пренагласени, особено во погледот на управувањето да ќе имате проблем да извршувате и наједноставни задачи, како на пример изнесување на ѓубрето, наводнување цвеќиња или пак косење трева. За брзо време, и она што личи на едноставна изведба, брзо ќе ескалира на неочекувани начини.

Играњето се одвива во три различни, интерактивни области каде имате огромна слобода за шеткање и експериментирање. Вашата основна цел е да ги извршите зададените обврски, но секоја “едноставна” задача се претвора во апсурдна 2Д мини-игра. Овие мини-игри брзо стануваат чудни и непредвидливи, со предмети кои експлодираат, бегаат или пак добива свест (да, предмети, па дури и храна!)

Централниот елемент на играта е нејзиниот физички систем. Секое ваше движење, секоја интеракција со предметите во околината, може да предизвика синџир на реакции кои водат до смешни и често деструктивни резултати. Па така, обидот да го изнесете ѓубрето може да резултира со непланирано патување, а нема ни да се посреќите доколку пробате да готвите вечера. Играта мајсторски ја нарушува нормалноста, дозволувајќи хаосот да биде главниот извор на забава. Играта ве охрабрува да бидете љубопитни и да експериментирате со сè што ќе ви дојде при рака, бидејќи токму тие интеракции често водат до најсмешните и најнеочекуваните моменти.

Во текот на играта ќе сретнете и различни необични ликови кои дополнително придонесуваат за севкупната бизарна и комична атмосфера.

Grandma, No! не се обидува да понуди длабока приказна со комплексни квестови или емотивни пресврти, туку само сака да се фокусира на суровата, хаотична енергија и хуморот што произлегува од неконтролираните ситуации. Доколку барате лесна, забавна и тотално непредвидлива игра каде што може да се релаксирате и да уживате во апсурдниот хумор и хаосот кои произлегува од пренагласените физички закони, Grandma, No! изгледа како ветувачки избор, нудејќи искуство кое се потпира на спонтаноста и комичните последици од едноставни дејства што тргнуваат наопаку.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments