Warhammer 40,000: Dawn of War – Definitive Edition: Враќање во мрачниот милениум

во Вести

2004 година беше екстра година за RTS фановите. Relic Entertainment ја лансираше играта Warhammer 40,000: Dawn of War, наслов кој брзо се етаблира како класик и донесе свеж, брутален пристап кон жанрот. Наместо да се фокусира на бавно собирање ресурси и изградба на база, Dawn of War ја промовираше агресијата, ставајќи го акцентот на тактичкото освојување на стратешки точки и постојаната борба. Во очите на многумина, играта се постави како една од најуспешните адаптации на богатиот универзум на Games Workshop, маестрално пренесувајќи го хаотичното чувство на чест и војна на овој богат универзум.

После добри две децении, Warhammer 40,000: Dawn of War – Definitive Edition е пакет кој е замислен да ги обедини основната игра и сите нејзини експанзии, нудејќи клучни подобрувања за модерните хардверски платформи. Освен механичките иновации, играта брилијантно го оживеа својот мрачен и фантастичен свет. Relic Entertainment покажаа исклучително познавање и љубов кон универзумот, што се манифестираше во висококвалитетни и спектакуларни анимации. Визуелната презентација беше толку полна со насилство и детали, што битките добија, за времето, неверојатен квалитет. Овие елементи, заедно со одличниот дизајн на единиците и извонредната гласовна глума, ја направија играта една од најуспешните реализации на комплексниот универзум

Definitive Edition, меѓудругото, има за цел да ја подобри вештачката интелигенција, особено автоматското пронаоѓање на патот и движењето на единиците. Паралелно со тоа, ново-излезената едицица успешно ја има подобрено камерата и севкупниот приказ поврзан со резолуцијата. Но, една од најголемите предности на Warhammer 40,000: Dawn of War – Definitive Edition е содржината. Пакетот ги обединува сите четири основни наслови во едно, нудејќи огромна вредност за новите играчи и олеснувајќи го искуството за ветераните. Целиот пакет се испорачува со основната игра, Dawn of War, но и експанзиите Winter Assault, Dark Crusade, и Soulstorm.

Четири целосни кампањи и девет фракции и над 100 мапи за skirmish и мултиплеер битки.

Definitive Edition нуди долго и разновидно искуство. Основната кампања на Dawn of War е линеарна приказна во која играчите го водат елитниот тим Blood Ravens во борбата за планетата Тартарус. Наспроти неа, Winter Assault нуди две паралелни приказни каде може да изберете дали ќе ги водите силите на Imperial Guard и Eldar или силите на Orks и Chaos. Dark Crusade, од друга страна, нуди нелинеарна кампања, со стратешка мапа на планетата Kronus која можете слободно да ја освојувате со која било од седумте почетни фракции. Со оглед на популарноста на прошурувањето, експанзијата Soulstorm се надоврзува на овој модел, воведувајќи уште две нови фракции и комплетирајќи го пакетот со бројни содржини.

Не поправај она што не е расипано

На прв поглед, Definitive Edition можеби не изгледа како целосен римејк. Напротив, тоа е внимателно изработен ремастер. Целта на Relic Entertainment не беше да создадат нешто сосема ново, туку да го полираат и да го освежат она што веќе беше одлично.

Конкретните визуелни подобрувања се дискретни, но значајни. Сите текстури на единиците се зголемени за најмалку четири пати од нивната оригинална резолуција, што им дава многу подетален и читлив изглед. Додадени се напредни ефекти како подобрено осветлување и рефлексии, подетални сенки и сјај на површините. Резултатот е игра која изгледа супериорно и свежо, но сепак го задржува класичното, мрачно чувство на оригиналот.

Најзначајните промени, сепак, се кријат под хаубата. Во Definitive Edition, единиците сега поминуваат една низ друга, што го прави управувањето со огромни армии многу полесно и поефикасно.

Подобрена е и камерата, која сега овозможува многу поголем зум надвор од бојното поле. Дополнително, интерфејсот и екранот се оптимизирани за модерни widescreen екрани и 4K резолуција. Играта сега работи на 64-битна платформа, што претставува стратешка одлука со долгорочни импликации кои дефинитивно ќе бидат ценети од мододерите кои, сега, имаат многу повеќе меморија на располагање, што им овозможува да создаваат уште поголеми, покомплексни и подетални модификации. Токму за оваа цел, Definitive Edition вклучува и интегриран менаџер за модови, поедноставувајќи ја инсталацијата за новите корисници.

Warhammer 40,000: Dawn of War – Definitive Edition е успешен ремастер кој, наместо да се обиде да биде нешто што не е, слатко се истакнува како љубовно писмо упатено кон тврдокорните фанови. Тимот го освежи пакетот со клучни технички подобрувања, ги отстрани најголемите недостатоци од оригиналната верзија и, што е најважно, ја обезбеди нејзината долговечност со поддршката за модинг заедницата. Фактот дека играта сè уште е одлична, дури и по 20 години, е јасен доказ за безвременскиот дизајн на Warhammer 40,000: Dawn of War. Со овој пакет, легендата продолжува да живее, и тоа на најдобар можен начин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments