Креирајте кратка содржина од YouTube видеа со Eightify

во Вести

Напредокот на вештачката интелигенција и се поголемата достапност на различни платформи за експериментирање, отвора простор за куп нови апликации. Eightify е една од алатките која е овозможена од овој напредок. Алатката на корисниците треба да им заштеди време со тоа што ќе креира кратка содржина за YouTube видеата. Потоа ако на корисникот кратката содржина му изгледа интересно, може да го погледне видеото.

Eightify е достапен како екстензија за Google Chrome. По инсталирањето, за воопшто да може да ја користи екстензијата корисникот мора да се најави со својот Google профил. Алатката, барем засега единствено работи со YouTube видеа. По инсталацијата, веднаш до „ми се допаѓа / не ми се допаѓа“ копчињата на YouTube се појавува ново копче „Summarize“. Со притискање на копчето за 20-ина секунди се генерираат поенти заедно со периодот во кој се појавуваат во видеото.

„Добив идеја да ги сумирам видеата на YouTube кога по трет пат не добив одговор од мојот пријател за клучната порака во едночасовно видео. Луѓето често ми препорачуваат видеа, па затоа сакам да се осигурам дека вреди да се гледаат. Направив прототип за само 2 дена, а на моите пријатели веќе им изгледаше корисен. После месец и пол, со помош на Кевин, со задоволство ви го презентирам Eightify!“, вели Алекс Катаев на Producthunt.

За генерирање на поентите Eightify го користи Opan AI GPT-3. Содржината се генерира автоматски, и во оваа фаза од развојот, корисникот не може никако да влијае на неа. За бесплатно користење има неколку ограничувања. Видеото мора да биде покусо од 1 час и да има над 30 000 прегледи. Цената за креирање на содржина за едно видео е 0,29 или 0,39 долари во зависност од пакетот. Корисникот купува токени кои потоа може да ги користи за да генерира кратка содржина.

Ако сакате да ја тестирате екстензијата, достапно е креирање на содржина за единствено 5 видеа. Ограничениот број на „тестови“ можеби и не е најголемиот проблем во моментов. Иако за добро структурирани видеа Eightify работи одлично, за дел од видеата има проблем да препознае релевантни поенти. Ова пред се важи ако видеата покриваат повеќе различни теми, или полошо ако се „видеа реакции“. Во вториот случај поентите речиси сигурно не се „погодени“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk