0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2023

Поддршката за Marvel’s Avengers престанува, а сите козметички работи од продавницата стануваат бесплатни

Независно од тоа што можеби сте слушнале, Marvel’s Avengers се одликува со долга и одлично реализирана кампања која изобилува со интересни механики, особено во начинот на кој се реализирани ликовите и нивните уникатни борбени потези. Меѓутоа, како игра која е етикетирана како live-service, за многумина немаше соодветни end-game содржини, и покрај тоа што тимот даде се од себе да ја освежи основната игра со нови ликови и активности.

Поради проблематичниот почеток и понатамошното развивање на играта, тимот реши да го признае поразот и да најави целосно престанување на поддршка за играта. Ова значи дека играта и понатаму ќе може да се игра и соло и онлајн, но нема да има повеќе нови содржини за неа.

„Добрата“ работа во сево ова е тоа што, од 31 март, сите работи кои ги има во продавницата ќе станат бесплатни за сите сопственици на играта. Со оглед на тоа дека низ годините продавницата активно се полнеше со најразлични костими, потези и ред други работи, ова навистина не е за потценување, особено кога ќе земете во предвид дека еден костим чини од 10 до 20 долари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top