Legacy: Steel & Sorcery влезе во Early Access

Доколку сте фанови на игри за екстракција како што се Dark and Darker и Escape from Tarkov, но барате фантазиско опкружување кое како да е произлезено од генијалниот ум на Толкин, би можеле да ја проверите играта на развојниот тим Notorious Studios. Сместена во светот на Митригард, штотуку излезената Legacy: Steel & Sorcery ги поканува играчите да истражуваат, да се борат со чудовишта и да собираат корисен плен.

Играчите можат да избираат од различни типови на оружје, вклучувајќи лакови, сечила и борбени секири.

Legacy: Steel & Sorcery им нуди на играчите избор на класи кои се директно инспирирани од фантазискиот серијал. Секоја од класите се одликува со уникатен стил на игра. Можете да се впуштите во инстанцираниот свет соло, да ги здружите силите со вашите пријатели или да најдете неочекувани сојузници. Notorious Studios ја опишуваат секоја сесија како искуство во отворен свет каде што може да се најде вреден плен, но и опасни противници, дали во форма на ВИ-управувани суштества или пак други играчи.

Играта содржи познати класи како што се Warrior и Rogue, со цел да ги привлече играчите од MMO и RPG жанровите кон жанрот со екстракција.

Студиото Notorious Studios, составено од ветерани од индустријата кои имаат искуство со наслови како World of Warcraft, нагласува PvP борба, собирање ресурси, истражување и кооперативна игра. Early Access ќе им овозможи на програмерите да собираат повратни информации од играчите и да ја рафинираат играта пред нејзиното целосно објавување. Се очекува играта да е во раниот пристап на Steam најмалку година дена.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Notorious Studios
  • ИздаваNotorious Studios
  • Жанр: extraction
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на:  12 февруари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments