Уште од раните почетоци на дигиталната ера, пренасочувањето (Redirect) е повеќе од низа автоматски пресметани чекори. Тоа и основен механизам кој ги креира и управува патеките на интернет. Се користи по миграцијата на веб-страници, или ако содржина е преместена на нов url. При промени на домен се прави редиректирање од стариот кон новиот домен.
Сервиси за креирање на пократко url како bit.ly се користат за креирање на пократко url кое полесно се запишува. Потоа овие линкови се споделуваат на пример на друштвените мрежи. Редиректирањето често се користи и при A/B тестови. Во овој случај корисниците се праќаат на различни верзии на страниците, за да се утврди која ќе даде подобри резултати.
Понекогаш кога корисниците кои пристапуваат од различни уреди треба да пристапот до различна верзија на страницата, се користи за да се пратат на верзија оптимизирана за нивниот уред.
Редиректирање се користи и за оптимизација на SEO, или управување со афилиејт линкови. Пренасочувањето овозможува динамична и флексибилна комуникација помеѓу старите и новите адреси. Еве неколку клучни причини зошто се користат редирекции:
- Поддршка при промени и миграции: Кога веб-страниците се преработуваат или преместуваат, пренасочувањата се потребни за да се осигура дека посетителите автоматски се пренасочуваат од стариот на новиот URL.
- SEO Оптимизација: Преку директни и чисти редирекции, се минимизира губењето на рангот на страницата (PageRank) и се избегнуваат опасности кои може да ја намалат видливоста на веб-страницата во пребарувачите.
- Управување со афилиејт линкови: Во дигиталниот маркетинг, маскираните или скратените линкови се одличен начин за следење на конверзиите и приходите. Редирекциите овозможуваат да се скријат сложените и долги патеки, и да се обезбеди прецизност во следењето.

Злоупотреба на пренасочувањето
Пренасочувањата иако се основна веб-технологија, може да се злоупотребуваат на различни начини. На пример, сопственик на веб-страница може да го користи за да ги измами пребарувачите. Ќе креира страница полна со популарни термини за пребарување, но кога некој ќе пристапи на страницава ќе биде пренасочен на сосема друга локација, често преполнета со реклами. Ова се нарекува прикривање (cloaking), и тоа е измамничка тактика.
Измамник може да користи редирект за да ги препрати жртвите на лажна страница, на пример страница за најавување за банка. Измамниците може да испраќаат пошта со линкови кои изгледаат легитимни, но всушност ги пренасочуваат корисниците на нивната лажна страница, каде што можат да украдат кориснички имиња и лозинки. Ова се класични фишинг измами.
Друг тип на злоупотреба вклучува манипулирање со рангирањето на пребарувањето. Некој може да купи куп стари адреси на веб-локации кои веќе имаат добри рангирања на пребарувачите. Потоа сите да ги пренасочи на сопствената страница, надевајќи се дека вештачки ќе успее да ја зголеми нејзината популарност. Дури и скратените врски, наменети да бидат корисни, може да се користат за да се сокријат злонамерните пренасочувања. Цели шеми на измама се креирани да ги измамат корисниците да кликнат на навидум безопасен линк, но тој ги носи на страница што инсталира малициозен софтвер на компјутерот или собира лични податоци.
Во суштина, секоја ситуација кога пренасочувањето се користи за да измами некого, без разлика дали е корисник или пребарувач, да оди некаде каде што немал намера е потенцијална злоупотреба. Ова може да варира, од досадни трикови како бомбардирање на корисници со несакани реклами до сериозни злосторства како крадење лични информации или ширење злонамерен софтвер. Последиците можат да бидат сериозни.
Иако пренасочувањата се неопходен дел од интернетот, тие исто така можат да бидат искористени од оние со лоши намери.
Што е URL Redirect Checker?
Замислете го URL Redirect Checker како детектив кој веднаш ја открива секоја тајна на патеката на вашиот линк. URL Redirect Checker ја следи патеката на пренасочување, прикажувајќи ја секоја станица низ која поминува линкот – без разлика дали се работи за PHP, htaccess, NGINX, JavaScript или meta-refresh редирекции.
Има повеќе слични алатки кои може да се користат за проверка на линкови; но и за комплетен приказ на патот од првичната точка до финалната дестинација.
URL Redirect Checker е алатка што ја открива целосната патека на URL-то кога се пренасочува, прикажувајќи го секој чекор пред да стигне до крајната дестинација. Ова помага во решавањето на проблемите со пренасочувањето, обезбедување соодветен SEO ранг со проверка на вредноста на линкот и идентификување на премногу „скокови“ при пренасочување. Алатката може да се користи и за проверка на потенцијално злонамерни пренасочувања што може да доведат до фишинг или малициозен софтвер. Корисна е и за ревизии на веб-локации, анализа на конкуренцијата, дебагирање и проверка каде водат скратените URL-адреси.
Користете го да се заштитите од SMS измами!
Веројатно не ви треба никакво потсетување за купот на различни измами на кои сме сведоци последниве неколку месеци: од фишинг напади, до пораки на социјалните мрежи или преку SMS.
Користењето на некој сервис за проверка на url редирекција може да биде супер корисно да се одбраните од SMS нападите. Еве како може да помогне:
Откријте ја вистинската дестинација: често, овие СМС пораки користат скратени URL-адреси или маскирани врски за да ја сокријат вистинската дестинација. Проверката за пренасочување ќе ви го покаже целиот синџир на пренасочувања, откривајќи ја вистинската веб-локација на која ќе бидете однесени ако кликнете на линкот. Ова е од клучно значење бидејќи прикажаната врска во СМС може да изгледа безопасно, но вистинската дестинација може да биде злонамерна локација.
Со гледање на вистинската URL-адреса, можете да проверите дали се совпаѓа со легитимната веб-локација на компанијата или услугата од која SMS тврди дека е. На пример, SMS пораката која ја добивате е од вашата банка, или како неодамна од Netflix. По проверката за пренасочување гледате дека е URL што не го вклучува името на банката или е хостирана на погрешен домен. Ова се показатели дека веројатно станува збор за фишинг измама.
Избегнувајте директно кликнување на SMS линковите. Секако е лоша идеја директно да отворате линкови од сомнителни SMS пораки. Користењето на проверка на редирект ви овозможува да ја прегледате врската без всушност да ја посетите потенцијално опасната локација. Можете да ја копирате врската во некој сервис за проверката за редирект наместо да ја отворате од пораката.
Проверете дали има причина за сомничавост, најчесто „red flag“ може да бидат следните показатели:
Непознати имиња на домени: Дали името на доменот изгледа како да припаѓа на организацијата што наводно ја испратила SMS-пораката?
Правописни грешки или невообичаени знаци во url. Ако има грешка во правопис или чудни знаци во URL-то може да укажува на фишинг измама/
HTTP наместо HTTPS: Иако HTTPS е добра пракса, користењето на HTTP не секогаш укажува на потенцијална опасност. Сајтовите што користат HTTP (без „s“) се помалку безбедни. Легитимните сајтови за плаќање користат HTTPS.
IP адреси наместо имиња на домени: Гледањето IP адреса наместо име на домен понекогаш може да биде показател за проблеми.
Како да го користите URL Redirect Checker:
Копирајте го линкот од сомнителната СМС порака.
Одете на веродостојна алатка за проверка за пренасочување на URL-то. Има многу кои се достапни бесплатно; само побарајте „URL Redirect Checker “. Може да го користите овој, или било кој друг.
Внесете го копираниот линк во алатката и испратете го.
Испитајте ги резултатите. Алатката ќе ви го покаже ланецот на пренасочувања. Обрнете поголемо внимание на последната URL-адреса.







