Проектот „WeBe Digital Media Tools Networking” започнува со првите две едукативни интерактивни работилници, а во чиј фокус ќе биде вештачката интелигенција (AI).
Првата работилница е закажана на 28 мај со почеток во 19 часот, а сите заинтересирани можат да се вклучат на следниот линк.
На оваа прва работилница учесниците ќе можат да дискутираат на темата што е вештачка интелегенцији и кои се нејзините основни концепти, а во првиот дел од работилницата ќе зборува македонскиот експерт Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжињерство (ФИНКИ), додека медиумските ветерани Берта Додевска и Емица Ниами-Налбантиќ, ќе зборуваат за темата во контекст на масовната комуникација.
Во вториот дел од работилницата имаме вмрежување на тема – виртуелни тури и иновативни дигитални алатки, кои се користат во областа на маркетингот, уметноста, туризмот, недвижностите и други области во деловниот свет.
Српскиот експерт Даниел Димитриевиќ ќе зборува за „Вештачката интелегенција преку призма на стартап бизнис во Србија – Stomatopoda”. Одлична можност да поставиме прашања за развојот на уште еден иновативен софтвер со користење на софтверот за компјутерско препознавање на лица!
Втората работилница е закажана на 30 мај со почеток во 18 часот, и заинтересираните ќе можат да учествуваат во истата преку следниот линк.
Во првиот дел од втората работилница повторно ќе се обрати професорот Бидиков од ФИНКИ со претставување на ЧетГПТ (ChatGPT) една од алатките на вештачката интелегенција, а Додевска и Ниами-Налбантиќ ќе зборуваат за темата во контекст на масовната комуникација.
Во вториот дел учесниците е можат да се запознаат со уште едно иновативно софтверско решение од регионот, односно грант проектот „Atavola”, решение за угостителски објекти со употреба на вештачка интелегенција, за кое ќе зборува неговиот основач, српскиот експерт Димитриевиќ.
Сите работилници се достапни бесплатно со двојазичен превод, и на истите учесниците ќе можат да учат од експерти во својата област, и да вежбаат со можност да поставуваат прашања и да добијат професионални одговори на овие теми.
Целиот курс се состои од 8 дводелни работилници, кои ќе се реализираат во периодот мај-јуни 2024 година.
„Од каде идејата за овој проект – од фундаменталните промени кои се случуваат во медиумите денес! Знаете, сите зборуваат за промените, но ретко кој може да ги дефинира промените во медиумите. Да ве потсетам: – Во “стариот свет на медиумите“, информацијата беше онаа која беше слушната на радио, видена на телевизија или прочитана во весник. Во “новиот свет на медиумите“ – радиото, телевизијата и весниците го пренесуваат она за кое зборуваат луѓето! Или пренесуваат – интернет информации. И точно во моментот кога помисливме дека ќе се регулира дисрупцијата што социјалните мрежи им ја направија на медиумите, се појави вештачката интелегенција како нова алатка! Популаризирана кон крајот на 2022 година, вештачката интелегенција во 2023 година е најчесто спомнуваниот термин на оваа планета. А од почеток на 2024 година, ќе се согласите – нејзиниот развој е фрапантен!” објаснува Додевска.
Видеоснимките од работилниците ќе можат да се видат на дигиталната видео платформа https://level7.tv/ во посебна категорија во делот on demand, како и на Фејсбук страницата – “WeBe Digital Tools Networking”.
️Во рамки на пректот учесниците ќе имаат можност да учествуваат и во статистичка анализа на ниво на три земји, со пополнување на анкетен прашалник на тема “Медиумска писменост и иновативни дигитални алатки“.
Проектот е ко-финансиран од Европска Унија (EU) German Federal Ministry of Economic Cooperation and Development (GIZ) поддржан од #SustainMedia , и Мотион ПРО ДООЕЛ Скопје, како носител на проектот со партнерите од Србија и Босна и Херцеговина. Фондација Берта Додевска, Скопје е волонтерски вклучена во организација на целиот проект.







