The Berlin Apartment: Реновирање на минатото

во гејминг

The Berlin Apartment е игра која е како спој на наративна авантура и историска хроника. Чедото на германското студио btf е сместено во една единствена локација која еволуира низ времето. Меѓутоа, The Berlin Apartment е многу повеќе од едноставна игра за реновирање. Доколку и пружите шансa, ќе наидете на длабоко истражување на човечките судбини во срцето на Берлин, а, таквото нешто нема никако да ве остави рамнодушни.

Приказната започнува во денешно време, но опфаќа период од цел еден век. Вие ја следите Дилара и нејзиниот татко Малик. Слаткото дуо има добиено за задача да обноват еден стар стан. Целата ситуација околу реновирањето, меѓутоа, се користи како катализатор за патување низ времето, каде што физичкиот простор станува наратор на настаните што се случиле меѓу тие четири ѕида.

Археолошкиот пристап кон просторот

Додека Дилара и Малик вршат поправки, тие наидуваат на скриени предмети и заборавени траги од минатото. Секој пронајден објект отклучува поглавје посветено на поранешен станар, трансформирајќи ја играта во антологија на кратки раскази. Овие епизоди варираат драстично по тон и жанр, рефлектирајќи ја бурната историја на Германија, од мрачните периоди на војната и поделбата на градот, па сè до модерните предизвици. Пристапот е интимен и фокусиран на личните драми на станарите, наместо на сувопарно прераскажување на историски факти, давајќи и на играта, притоа, силна емотивна тежина.

Во поглед на гејмплеј механиките, The Berlin Apartment вешто избегнува да биде дефиниран како класичен walking симулатор. Иако истражувањето е клучно, секоја епизода воведува специфични интерактивни елементи кои одговараат на приказната што се раскажува. Во еден момент ќе решавате логички загатки за да поправите старо радио, додека во друг, механиката може да наликува на point-and-click авантура или пак да бара побрзи рефлекси. Варијабилноста се труди да го одржува вашиот интерес и, во поглемиот дел од ситуациите, спречува искуството да стане монотоно.

Графичкиот стил користи ја користи препознатливата cel-shaded техника, давајќи акцент на живописни бои и изразени линии, нешто што е дополнително збогатено со внимателно дизајниран звук. Гласовната глума меѓу таткото и ќерката додава слој на топлина и реализам, додека звучните ефекти, создаваат убедливо чувство за проток на времето.

Тајни скриени во стари простори

The Berlin Apartment е импресивно остварување кое магично претвора историјата во лично и впечатливо искуство. Преку успешно балансирање помеѓу релаксирачкото реновирање и емотивните наративни удари, добивате интересен увид преку очите на обичните луѓе, истакнувајќи се како наслов со квалитетна нарација, одавајќи почит кон град кој преживеал многу, раскажан преку интимноста на еден единствен станбен простор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk