Strike Force Heroes: Враќање на класик во модерно руво, овојпат и на конзоли

во гејминг

За PC гејмерите, Strike Force Heroes поодамна се врати на гејминг сцената како целосен римејк на популарната флеш игра. Од неодамна, играта се вдоми и во конзолата на Sony. Доколку никогаш не сте ја играле ни првата и втората игра, се работи за пукачка игра со механики од old-school арена игрите. Втората, поновата верзија сега е реконструирана со модерни механики, вклучувајќи целосна онлајн поддршка за кооперативно играње и PvP режими.

Развиена од оригиналниот тим од двајца креатори, верзијата има за цел да ја испорача истата интензивна акција што ја направи оригиналната игра хит, но со значителни подобрувања во секој аспект.

Приказната на играта започнува како рутинска мисија која тргнува наопаку, оставајќи го тимот на херои заглавен на мистериозен остров. Римејкот ја проширува кампањата, раскажувајќи ја приказната преку целосно анимирани сцени и професионална гласовна глума. Заплетот е претставен со невообичаен хумор, давајќи ѝ на играта шарм кој потсетува на цртаните филмови од саботните утра. Нема кој-знае-каква комплексна приказна, но тоа што го има е одлично изведено.

Гејмплејот се одликува со брзи дводимензионални борби во различни арени, каде клучниот елемент е системот на класи. Па така, можете да избирате помеѓу четири различни класи – како што се Tank, или, пример, Assassin. Секоја од класите се одликува со уникатни вештини, оружја и стил на игра. Паралелно со ова, играта става огромен акцент на прилагодувањето. Со стотици оружја, опрема и способности, константно сте охрабрувани да експериментирате и да создавате специфични конфигурации кои одговараат на различни пристапи, некои се ефикасни за борба одблиску, некои за снајперско дејствување а некои, пак, за експлозии.

Најголемата новина во римејкот е целосно имплементираниот онлајн мултиплеер, давајќи ви можност да ја играте играта кооперативно со пријатели. Особено е за пофалба и робустниот PvP режим со приспособливи натпревари, дозволувајќи ви да ги тестирате вашите вештини едни против други. Како резултат, добивате квалитетна изведба на онлајн компонента, особено кога ќе го земете во предвид и новиот систем за добивање опрема. По завршувањето на кампањата, се отклучуваат повисоки нивоа на тежина, дневни мисии и специфични предизвици, дозволувајќи ви да се почестите со подобри награди и дополнителни можности за тестирање на способноста на играчите.

Strike Force Heroes го задржува својот 2Д стил, но воведува драстично подобрени детали.. Анимираните сцени се со висок и препознатлив квалитет која ја почитува првата верзија. Аудио дизајнот се одликува со квалитетна и добро изведена гласовната глума, со ефикасни звучните ефекти и музика која максимално го поддржува брзото темпо на акцијата.

Strike Force Heroes е успешен римејк кој верно го пренесува духот на оригиналот, истовремено додавајќи клучни модерни карактеристики. На располагање имате богати можности за прилагодување, забавна кооперативна кампања и брза арена-акција. Иако приказната е едноставна и визуелниот стил на ликовите е специфичен, силната гејмплеј основа и новите онлајн можности ја прават привлечен избор и за носталгичните фанови на оригиналната флеш игра и за новите играчи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk