Што дознавме од гостувањето на Закерберг кај Џо Роган: Нов Oculus во октомври, Facebook цензурира контроверзна содржина

Основачот и директор на Facebook, Марк Закерберг, оваа недела беше гостин на популарниот подкаст на Џо Роган – „The Joe Rogan Experience“. Гостувањата на Закерберг во медиумите се реткост, а овој пат со Роган разговараа речиси 3 часа на повеќе различни теми. Веројатно две од поинтересните теми кои беа разговарани се однесуваа на виртуелната реалност и начинот на кој Facebook ја цензурира модерира содржината.

Нов Oculus во октомври

За неколку месеци, во октомври, Facebook ќе претстави нова напредна верзија на очилата за проширена реалност Oculus. Новиот сет за проширена реалност ќе овозможи следење на гримасите на корисникот, но и на погледот. Ова ќе овозможи копирање на изразот на лица, но треба да овозможи корисниците, или барем нивните виртуелни аватари, да можат да се погледнат во очи.

Новиот сет за виртуелна реалност ќе биде претставен во октомври на Connect конференцијата за развој на виртуелна реалност.

Во визијата за виртуелна реалност која опиша основачот на Facebook како пример искористи потенцијално следно интервју. Во овој случај Марк не би бил во студиото на Џо Роган, туку би седел дома, а Роган би го водел интервјуто со помош на сет за виртуелна реалност.

„Според мене ова имерзивно искуство ќе биде следниот чекор. Можноста да чувствувате дека сте присутен со некој ќе отвори многу различни вредности за многу луѓе. Социјални вредности, вредности за забава, професионални вредности…“

Facebook (не) ја модерира содржината…

Една од темите која беше дел од интервјуто, беше начинот на кој Facebook модерира содржина. Како пример беше искористена статијата на „New York Post“ за синот на сегашниот претседател Џо Бајден. Дел од статијата беа „наводни“ имејл пораки кои наведуваат на сомневање дека кога бил потпретседател Џо Бајден му помагал на синот со бизнис зделките во Украина.

New York Post тврди дека имал пристап до податоци од лаптопот на Хантер Бајден. Лаптопот бил оставен на сервис во Делавер и во него имало имејл пораки во кој Хантер запознава енергетски тајкун од Украина со Џо Бајден и договара средба. Хард дискот од лаптопот до New York Post го доставил адвокатот на Доналд Трамп, Џуди Рудијани.

„Федералното истражно биро ни пристапи – на некои луѓе кои се дел од нашиот тим и им кажа –  ве известуваме дека треба да бидете внимателни. Верувавме дека имаше многу руска пропаганда на изборите во 2016 година, и не известија дела ќе има слични акции на овие“, појасни Закерберг.

Претставникот на Федералното истражно биро ги известил единствено дека има опасност од надворешно влијание на изборите. Статијата на New York Post не била дел од ова соопштение. Веста на својот Twitter профил ја потврди и Мета.

Во одговорот до Роган, Марк образложи како Facebook реагирал на контроверзниот напис. За разлика од Twitter кој во целост го спречил споделувањето на сторијата, Facebook го ограничил нејзиното ширење. Компанијата алгоритамски го ограничила ширењето на статијата и Закерберг проценува дека со ова значително се ограничил нејзиниот органски досег.

Секако ова на крајот не е доволно ниту за една од страните. Во зависност од која страна на политичкиот спектар се наоѓааат критичарите, дел ги обвинуваат за цензура, а дел ги обвинуваат за ширење на дезинформации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments