Оваа недела имаше помалку вести од технологијата. Можеби главна причина за ова е што компаниите веќе претставија сѐ што имаат за новогодишните празници и се подготвуваат за CES 2025. Сепак не останавме сосем без новитети. Во Лос Анџелес, Waymo го прошири округот по кој ќе вози; Oak Ridge се збогува со Summit; LG претстави растеглив екран, а Casio за јубилејот 50 години од влезот во индустријата за дигитални часовници претстави функционален часовник прстен.
Waymo го отвори својот сервис за автономни возила за сите во Лос Анџелес
Alphabet се здоби со доволно доверба во технологијата зад автономните возила, па Waymo го „отвори“ својот сервис за автономни возила, Waymo One. Сервисот сега е достапен за сите жители на округот Лос Анџелес. Компанијата ја отстрани листата на чекање, дозволувајќи им на сите во зоната од 80 квадратни милји да резервираат превоз во автономните возила. Ова e значаен чекор напред во воведувањето на возењето без возачи, давајќи им можност на жителите на Лос Анџелес да искусат сообраќај воден од напредни камери и алгоритми за навигација наместо од човечки возач.
Сервисот е достапен 24 часа, седум дена во неделата. Корисниците може да го користат за различни сценарија – од секојдневни патувања, до превоз доцна во ноќта. Waymo најави дека во иднина ќе ја прошири својата покриеност. Засега возилата не возат по автопати и до аеродромите. Иницијативата е дел од пошироката стратегија на Waymo, која започна со пилот-програми во Сан Франциско и Феникс и сега продолжува со претстојни лансирања во градови како Остин и Атланта.
Од воведувањето на Waymo One во Лос Анџелес, повеќе од 300 000 жители се пријавиле за сервисот, а веќе се реализирани стотици илјади патувања. Корисниците го оценуваат квалитетот на транспорт со високи 4,7 од 5 ѕвезди. Неодамнешна анкета покажала дека 98% од корисниците се задоволни од услугата. Ова јасно покажува дека јавноста ја дава својата поддршка на овој автономен начин на превоз.
Одлуката на Waymo да го прошири својот сервис ја одразува сè поголемата побарувачка за иновативни и удобни транспортни решенија. Со отстранувањето на листата на чекање, компанијата има одлична стартна позиција за иднината на мобилноста.
Збогум за суперкомпјутерот Summit
Суперкомпјутерот Summit во Националната лабораторија Оук Риџ (ORNL) овој месец се повлекува. „Пензионирањето“ ќе го означи крајот на ерата на некогаш најмоќниот компјутер во светот. За оваа прилика беше организиран симболичен виртуелен проштален настан на Zoom.
Она што е неверојатно, е дека дури и во последните денови, Summit работи речиси со полн капацитет, со само 0,5% од неговите јазли во мирување.
Virtual farewell on Zoom for #Summit planned for tomorrow
— HPC Guru (@HPC_Guru) November 15, 2024
The current #9 #supercomputer is busy till the last minute – only 27 out of 4742 nodes are currently idle
Info courtesy Constantinos Evangelinos (@[email protected])https://t.co/08oDO8H071#HPC #AI @OLCFGOV https://t.co/7thQHAVPsf
Од почетокот Summit го користат илјадници истражувачи од целиот свет. Користејќи го за широк спектар на научни и пресметковни предизвици. За време на Ковид-19 пандемијата во 2020 година, суперкомпјутерот одигра клучна улога во идентификувањето на протеин способен да се поврзе со вирусот, помагајќи ги напорите да се спречи неговото ширење. Покрај тоа што поновите суперкомпјутери ги надминуваат неговите можности, Summit го задржа местото во највисокото ниво на пресметковна моќ, рангирајќи се на деветтото место на листата Топ 500 суперкомпјутери, потсети Tom’s Hardware.
Замената за Summit работи уште од 2022 година. Суперкомпјутерот Frontier ја претставува следната генерација на суперкомпјутери во Националната лабораторија Оук Риџ. Новиот компјутер е со двојно поголема моќност од Summit (22 768 kW во споредба со 10 096 kW на Summit). Frontier има повеќе од осум пати поголеми перформанси, покажувајќи значителен напредок во ефикасноста и способноста за пресметки.

Сепак, промената кон помоќни суперкомпјутери носи предизвици. Најголемиот предизвик е како да се задржи потрошувачката на енергија во прифатливи граници. Побарувачката за компјутерска моќ продолжува да расте. За да ги задоволат потребите на напредната вештачка интелигенција и центрите за податоци, компаниите како Google, Microsoft и Amazon истражуваат алтернативни извори на енергија, вклучително и нуклеарна енергија. Пензионирањето на Summit е одраз на потребата од поодржлив суперкомпјутер.
LG претстави дисплеј кој се растегнува
Јужнокорејскиот производител LG претстави нова надградба на растеглив дисплеј. Претходниот модел можеше да се растегне до 20 отсто, а новиот екран повеќе од двојно ја поместува оваа граница, и може да се растегне до 50%.

За разлика од рамните екрани овој екран има слободна форма и може да се растегне од 12 на 18 инчи без да се загуби квалитетот на сликата. Резолуцијата на екранот е 100 пиксели на инч (ppi), а микро-LED изворот на светлина е со големина помала од 40 микрометри. Она што е уште поимпресивно е издржливоста. Екранот може да се растегнува повеќе од 10.000 пати.
Оваа технологија не е наменета за паметни телефони или флексибилни таблет компјутери, но нејзината примена е многу поинтересна. Растегливите екрани не се само тенки и лесни, туку имаат и способност да се прилагодуваат на неправилно закривени површини, на пример облека.

Во иднина би можеле да најдат широка примена во различни индустрии, од мода и пренослива технологија, до мобилност. LG претстави бројни концепти за примена на оваа технологија, вклучувајќи автомобилски панели што се растегнуваат. Сепак најинтересен пример е користењето на дисплејот за униформи на пожарникари, кои обезбедуваат информации во реално време.

Casio го претстави својот нов дигитален прстен часовник
Како дел од одбележувањето на 50 годишнината од почетокот на производство на дигитални часовници, Casio претстави нов уред. Овој пат, наместо часовник компанијата претстави прстен. Со оглед на тоа дека прстенчето е малечко, со куќиште помало од еден инч, изненадување е бројот на функционалности кои Casio успеа да ги додаде. Прстенот е копија на старите дигитални часовници. LCD eкранот е поделен на делови за часови, минути и секунди. Благодарение на трите копчиња може а се погледне датата, но и време во друга временска зона. Конечно на часовникот е достапна и штоперица.

Ако ова не е доволно импресивно, CRW-001-1JR има и функционалности како светлосни нотификации, и батерија која трае две години.
Прстенот доаѓа во една големина. За луѓето со потенки прсти Casio продава и вметоци. За жал за луѓето со подебели прсти нема никаква опција. Цената на CRW-001-1JR е околу 130 долари (19 800 јапонски јени) и ќе биде достапен во Јапонија од декември.
Без најава Apple го подобри екранот на M4 MackBook Pro
Новите 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro со M4-чипови доаѓаат со подобар „quantum dot“ дисплеј. Веста на X ја објави експертот за дисплеј индустријата Рос Јанг. Новите MacBook Pro имаат нови дисплеи што суптилно ја подобруваат бојата и перформансите при прикажување на движење.
Big Apple display news, they have adopted quantum dots for the first time. The latest MacBook Pro's (M4) use a quantum dot (QD) film rather than a red KSF phosphor film.
— Ross Young (@DSCCRoss) November 14, 2024
In the past, Apple went with the KSF solution due to better efficiency and lack of cadmium (Cd), but the… pic.twitter.com/5olq9lEHs9
Јанг, кој е познат аналитичар, објави на X дека MacBook Pro дисплејот сега е опремен со „quantum dot“ филм без траги на кадмиум. Кадмиумот e отровен за луѓето. Во минатото Applе користеше KSF-решение кое е поефикасно и не е опасно за луѓето.
Технологијата зад M4 MacBook Pro и натаму е IPS панел со Mini LED, што значи дека осветлувањето и контрастот се слични со M1 Pro и M1 Max, пишува Verge.







