Доналд Трамп со пушка, Илон Маск фрла молотов коктел, Марк Закерберг како рептил – ова се само дел од надреалните сцени во виралните видеа создадени од браќата Дор (The Dor Brothers).
Зад сето ова стои Јонатан Дор, кој кариерата ја започнува како музичар обидувајќи се да прави видеа за сопствените песни, и постепено еволуира во пионер во содржините генерирани од вештачка интелигенција. Од снимање со традиционални камери до експериментирање со 3D, за Дор сè се сменило кога се појавуваат алатките за генеративна ВИ. На почетокот на 2022 година, шест месеци пред Midjourney воопшто да биде лансиран, Дор веќе ги истражува визуелните можности на ВИ и станува еден од нејзините први 200 корисници.
Нудејќи видеа со ВИ на Fiverr, тој брзо согледува дека побарувачката за ваквта уметност е огромна. Проектите стануваат сè поголеми, цените растат, а „Браќата Дор“ наскоро стануваат барано име во индустријата. Од сатирични политички клипови до кампањи за брендови како Boss и eToro, прикажани на Тајмс Сквер, нивната работа ги следи трендовите – но истовремено и ги поставува.
Во исто време, студиото за видео продукција ја користи вештачката интелигенција не како трик, туку за да раскаже приказни кои делуваат бестрашно, чудно и реалистично – што резултира со видеа кои имаат над половина милијарда прегледи, а се исто така моќна алатка и за креативност и за социјален коментар.
Дор ги мрази политиката и корпоративниот свет, што, парадоксално, му овозможува да исцрта совршена сатирична слика и за двете. Сега, неговата цел е едноставна: да прави одлични филмови. Го „фативме“ Јонатан за време на конференцијата Upscale на Freepik во Малага и разговаравме за неговото патешествие, неговата визија и иднината на вештачката интелигенција во креативната индустрија.
IT.мк: Браќата Дор се очигледно еден од највозбудливите брендови во производството на видеа со ВИ. Како започна вашата приказна?
Јонатан Дор: Накратко – јас всушност започнав со музика, поточно прогресивен метал. И ако ја знаете таа сцена, знаете колку таа ги цени моќните визуелни елементи. Напишав албум и сакав еден ден да создадам цел филм за него. Тоа изгледаше како далечна цел, но почнав да работам со луѓе кои правеа музички видеа за мене.
Сепак, не беше лесно – навистина е тешко да ја пренесете вашата визија точно онака како што ја замислувате. Така, го имав тој класичен момент „ако сакаш нешто да се направи како што треба, направи го сам“.
Почнав да учам како да снимам, користејќи GH5 камера – едноставно учев „во од“. Неколку години правев сопствени видеа, па дури и почнав да создавам музички видеа за други. Потоа се префрлив на 3D, мислејќи дека тоа ќе ми даде поголема креативна слобода. И ми даде, малку – но рендерирањето дури и на секвенца од 30 секунди можеше да трае шест месеци, така што сè уште беше многу ограничено.
Некаде во февруари 2022 година, почнав да барам нови алатки. Генеративната ВИ само што почнуваше да се појавува – луѓето експериментираа со неа со години, но ова беше моментот кога конечно стануваше достапна. Бев на YouTube и барав софтвер за анимација кога наидов на видео со наслов нешто како „Направете слики од текст“ со „кликбејт“ сликичка. Кликнав, очекувајќи да биде лажно. Но, не беше. Човекот покажа генерирање слика од текст, и тоа навистина функционираше.
Тој момент целосно ме воодушеви. Да видам за прв пат дека можете да создавате слики само од зборови – беше како да сведочам како иднината се отвора во реално време.
А самата компанија, кога всушност започна?
ЈД: Вистински почнавме да се нарекуваме „Браќата Дор“ дури кога почнавме да правиме традиционални филмови. Но, вистинската пресвртница дојде со вештачката интелигенција. Еден забавен факт: Почнав да нудам видеа со ВИ на Fiverr, и 99,9% сум сигурен дека го направив првото музичко видео со ВИ некогаш понудено како услуга. Го продадов за 200 долари некому и си помислив, во ред, ова е кул – на некого всушност му се допаѓа ова.
Кога ги видов визуелните елементи што ВИ може да ги создаде, бев воодушевен – изгледаа како нешто за што вообичаено би била потребна една година да се направи. По таа прва нарачка, сè повеќе луѓе почнаа да бараат видеа. Побарувачката беше толку голема што постојано ја удвојував цената и тоа само растеше. Одеднаш, сите сакаа по едно. И не сакам да звучам претенциозно, но додека ние веќе направивме околу 50 музички видеа, повеќето луѓе допрва откриваа дека тоа е воопшто возможно. Во однос на разбирањето на потенцијалот на ВИ во видеото, бевме барем шест до осум месеци пред сите други.
Работите со брендови како Boss, а правите и кратки филмови во кинематографски стил. Кои се главните насоки или цели што ги следите?
ЈД: Има неколку клучни правци. Прво, музички видеа. На пример, земете нешто како Lyrical Lemonade – мојата цел е да создадам сличен вид културен феномен, но во светот на ВИ. Визуелните елементи што ги правиме се особено прилагодени за рапери. Штом целосно ќе навлеземе во тој простор, знам дека ќе дојде до точка кога уметниците постојано ќе доаѓаат кај нас, а ние редовно ќе продуцираме видеа за нив. Тоа е еден правец што го истражуваме.
Вториот се рекламите. Јас сум природно анти-корпоративен, и да бидеме искрени – повеќето реклами денес се врвна корпоративна вежба. Но, ако погледнете 20 години наназад, рекламите можеа да бидат навистина кул. Имаа ризични концепти, забавни идеи, дури и квалитет што ги правеше лесни за споделување. Денес, повеќето реклами ги нарекувам „дигитална повраќаница“. Тие се гласни, хаотични, очајни за внимание. Луѓето ги исклучуваат, ги прескокнуваат, ги игнорираат. Нашата цел е да ги вратиме рекламите што луѓето всушност сакаат да ги гледаат – реклами кои се креативни и незаборавни.
Брендовите навистина ни приоѓаат многу за реклами, а ние имаме многу строга филозофија: ако доаѓате кај нас, доаѓате затоа што сакате нешто навистина добро. Знаеме што функционира – редовно добиваме стотици милиони прегледи – но мора да нè оставите да си ја работиме нашата работа. Тоа е како да одите во пицерија; не му кажувате на готвачот како да ја направи пицата, туку само уживате во неа. Кога брендовите се обидуваат да го контролираат процесот со здодевни „сториборди“ или белешки од директори, сите губат. Но, кога ќе нè остават да „готвиме“, резултатите се реклами што луѓето ги сакаат, и сите победуваат.
Конечно, долгометражните филмови се наш главен приоритет. Тоа е крајната цел: да создадеме вистински кинематографски искуства, а не само содржина со ВИ. Тука ја гледаме иднината на компанијата.
Многу од вашите видеа прикажуваат дистописка иднина. Колку далеку мислите дека сме навистина од таква реалност?
ЈД: Зависи за колку екстремно зборуваме. На едниот крај, имате нешто како Матрикс, со луѓе директно приклучени на машини. На другиот, го имате Black Mirror – и искрено, ние веќе живееме во многу од сценаријата на Black Mirror. Погледнете ги претплатничките услуги, социјалните медиуми и како комуницираме онлајн. Има нешто суштински погрешно во тоа. Луѓето консумираат едно нешто на интернет, но во реалниот живот, тие се однесуваат поинаку. Вие и јас можеме да водиме пристоен разговор, но онлајн, истите тие луѓе може да кажат што било. Системот е дизајниран да нè труе, на некој начин.
Кога станува збор за филмското творештво, вештачката интелигенција ќе има огромно влијание, но тешко е да се предвиди точно како. Сите поплаки од Холивуд и студијата? Поголемиот дел од таа врева ќе згасне. На крајот, истите тие луѓе ќе ја користат ВИ онака како што користат Photoshop или возат автомобил. Денешните критичари ќе бидат утрешните корисници.
Во продукцијата, ВИ или ќе го замени или ќе се хибридизира со CGI во речиси секоја голема сцена. Повеќе не ви се потребни стотици илјади долари за да рендерирате слетување на вселенски брод во научно-фантастичен филм – можете да имате неколку вешти уметници кои користат ВИ за да создадат нешто неверојатно, а потоа да го „исполираат“ со VFX (визуелни ефекти) за совршени резултати.
Би рекол дека оваа промена ќе потрае најмалку пет до десет години. Актерите никогаш нема да бидат целосно заменети, барем не убедливо. Луѓето можеби не се согласуваат, но мислам дека комбинацијата на ВИ и човечка креативност е она кон што се движи филмското творештво. Технологијата ќе го подобри, а не ќе го избрише, она што луѓето го носат на маса.
Користите многу сатира во вашите видеа. Како гледате на сатирата – дали ја гледате како алатка за испраќање поголема порака?
ЈД: За мене, добрата сатира не е да изберете страна што не ви се допаѓа и да кажете: „Овие се лошите момци“. Тоа не е сатира – тоа е само озборување. Вистинската сатира е како кралскиот шут, будалата. Историски, улогата на будалата била да го потсети кралот дека не е Бог, да го спречи да ги изгуби сетилата и да стане тиранин.
Така гледам на тоа. Сатирата ја истакнува човечката страна на сите што ги гледаме на вестите – политичари, познати личности, криминалци. Тие јадат, спијат, прават грешки и се далеку од совршени, исто како и сите ние. Се работи за истакнување на човечноста, апсурдноста и недостатоците, а не само за исмејување на едната страна.
Какви се реакции на вашите видеа?
ЈД: Изненадувачки, околу 99% беа позитивни. Од 1.000 пораки, веројатно сме добиле само десет пораки со омраза. Повеќето луѓе велат работи како: „Ги сакаме вашите видеа“. Мислам дека постои вистински глад за ваков разигран пристап кон политиката.
Политиката ја презеде нашата култура и, искрено, на повеќето луѓе, вклучително и мене, тоа им е здодевно. Запознавате некого со исполнет живот, искуства, вештини и мисли, и одеднаш разговорот е за Трамп или некој друг наслов што нема никаква врска со вас. Мислам дека луѓето уживаат да ја гледаат апсурдноста на сето тоа, што е токму она што нашите видеа имаат за цел да го покажат.
Содржината генерирана од ВИ сега ја надмина содржината генерирана од луѓе. Колку далеку мислите дека ќе оди ова?
ЈД: Јас всушност се согласувам со теоријата за „мртвиот интернет“. За неколку години, ќе треба да размислиме што воопшто е интернетот. Во моментов, сè е ботови и пропаганда. Никој не оди на втората страница на Google; првата страница е веќе куриран, спонзориран поглед за кој повеќето луѓе дури и не се грижат. Интернетот, каков што постои сега, е расипан. Што доаѓа следно е неизвесно, и се надевам дека тоа не се само асистенти со ВИ кои ве лажат секој ден – тоа не би било ништо подобро. Ова е сериозна закана. Еволуира во нешто како сценарио од „1984“.
Дали мислите дека ќе дојдеме до точка кога нема да можеме да ја разликуваме реалноста од фикцијата?
ЈД: Јас секогаш велам дека најдобриот начин да се изборите со тоа е да излезете надвор и да комуницирате со вистински луѓе. Добијте ја вашата животна енергија од сонцето и од луѓето, наместо да зјапате во екрани дизајнирани да ве манипулираат или исцрпуваат.
Луѓето постојано зборуваат за неутралност и непристрасна ВИ, но реалноста е дека светот се води од моќ. Длабоко во себе, можеби се води од љубов и добри намери, но во однос на контролата, тоа е чиста моќ – како Game of Thrones. Никој нема доброволно да се откаже од таа моќ. Овде нема неутрална „забавна“ игра; оние кои имаат контрола нема само така да ја предадат.
Зборуваме за ВИ и регулација – Европа очигледно има свои планови, а исто така и САД. Како гледате на регулацијата во овој простор?
ЈД:Размислувам за вештачката интелигенција многу слично како за нуклеарното оружје. Технолошката индустрија во суштина е во трка за вооружување – земјите и компаниите спринтаат за да се надминат едни со други, и никој не сака да забави од страв да не заостане. Тоа е фундаменталниот проблем.
Единствениот начин да се преживее ова е глобално регулаторно тело – еквивалент на ВИ на нуклеарниот надзор на ОН. Го имаме тоа за нуклеарно оружје, па зошто да не и за ВИ? Нешто што ќе постави стандарди, ќе обезбеди безбедност и ќе спречи катастрофа пред да биде предоцна.
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
itmkhascookiez-checkbox-analytics
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Аналитика".
itmkhazcookies-checkbox-others
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Други".
itmkhazcookiez-checkbox-functional
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Функционални".
itmkhazcookiez-checkbox-necessary
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Потребни".
itmkhazcookiez-checkbox-performance
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Перформанси".
viewed_itmk_cookiez_policy
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност и не чува лични податоци.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.