Марк Кјубан успеа да го убеди тинејџерот Џек Свини да престане да ги следи неговите летови

во Свет

Џек Свини е американски тинејџер, студент на Универзитетот Централна Флорида. Во 2020 се прослави со следењето на летовите на Елон Маск. Тој ги следи и летовите на Бил Гејтс, Џеф Безос, Марк Зукерберг и многу други јавни личности. Подоцна започна да ги следи и летовите на руските олигарси. Оттогаш единствениот кој може да се пофали дека успеал да го убеди Џек Свини да престане со јавното споделување на неговите летови е Марк Кјубан.

За разлика од Елон Маск кој му понуди 5000 долари, Кјубан понуди „пријателство и бизнис совети“. Ова, заедно со поканата за средба на кошаркарски натпревар беше доволно неговите летови да бидат првите кои ќе престанат да бидат јавно следени. Последната објава на профилот на „Mark Cubans Jets Tracking“ е од 7 април.

Оригинално идејата на Свини започнала со следење на Илон Маск. Маск е една од личностите на кои им се воодушевува, па бил заинтересиран да види каде е. @Elonjet (Twitter профил преку кој се следат летовите на Маск) дури му донесе и комуникација со основачот на Tesla. Маск бил заинтересиран како работи платформата, кaко функционира следењето, и на крај побарал да го отстрани, бидејќи сметал дека претставува безбедносен ризик.

Елон понуди 5000 долари за неговите летови да бидат тајни, по што Свини предложил наместо пари да добие Tesla. На крај овој договор не се реализира, а Маск не сакаше злонамерниците да помислат дека е лесна мета од која може лесно да се изнудат пари.

Поради начинот на кој се следат податоците, и бројот на следачи на Twitter кој ги има Елон Маск, неговиот профил и денес е најинтересен.

Како функционира следењето

Клучно за целиот процес е да биде пронајден „callsign“ на авионот во сопственост на јавната личност која се следи. Во случајот на Маск тоа е N628TS. Ова е авион кој е во сопственост на Tesla и Маск лета со него. Свини успеал да го пронајде кодот на авионот благодарение на јавно достапни фотографии. Потоа од ADSBexchange можат да се повлечат податоци за летовите на авионот. Летовите на Маск на пример може да ги следите тука.

За подобра презентација Свини креира бот кој на Twitter ја јавува секоја промена на статусот на летот.

Марк Кјубан е единствениот кој успеал да го убеди Свини да не го следи

Во февруари оваа година милијардерот и претприемач Марк Кјубан му испратил директна порака на Свини во која во замена на отстранувањето на неговите летови му понудил пријателство и бизнис совети. Заедно со оваа порака Свини добил понуда да биде гостин на кошаркарски натпревар на Dallas Mavericks, тим кој е во сопственост на Кјубан. „Преговорите“ помеѓу двајцата завршиле во мај. Но како знак на добра воља профилот, како и автоматот кој ги испраќа пораките за локациите на летовите се деактивирани од април.

@MCubanJets во моментот на деактивирање имал 3300 следачи. За споредба @ElonJet го следат над 479 000 профили.

Џек Свини се надева дека ќе успее да го монетаризираа својот сервис. Идејата е да креира единствена страница на која ќе може да се следат летовите на познатите личности.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments