Генерацијата на бумерите предводена од Бил Гејтс, Стив Џобс и Џеф Безос го променија начинот на живот и работа на планетата. И генерацијата Х има свои влијателни претставници, меѓу кои е и Елон Маск како највлијателен претприемач и иноватор кој што има огромно влијание на глоблано ниво, а пак неговите продукти се секогаш “пред времето”.
Милениумците, родени во време на раните почетоци на интернетот исто така имаат свои технолошки основачи кои што го променија светот уште во своите 20-ти години. Најистакнат пример е Марк Цукерберг кој што целосно го промени социјалниот живот на луѓето со креирањето на сега добро познатиот Facebook.
Microsoft, Amazon, Facebook, PayPal и Tesla се делата на претходно споменатите претприемачи без кои денеска не би можел да се замисли животот. Сите овие основачи ги почнаа своите претприемачки приказни на овие продукти во своите 20-ти години, а сега на сите ни е добро познато дека овие продукти се интегрирани во секој дел од нашите животи.

Силиконската долина отсекогаш ги идолизирала младите, успешни основачи. Но, каде се технолошките пионери на Генерацијата Z?
Највозрасните од Генерацијата Z имаат 27 години, но сепак нема нов Цукерберг или Маск ниту на повидок. Првата родена генерација со електронски уред во рака ја следат стереотипи дека е мрзлива, самозадоволна и незаинтересирана за силно гризење кон успех.
Исто така, ова е генерацијата која што става најголем акцент на линијата помеѓу работата и приватниот живот. Доколку зборуваме за иновации и претприемништво, веројатно оваа линија и не постои.
Но, од друга страна, можеби и Генерацијата Z и не се виновни за немањето на свои истакнати претставници во Силиконската долина. Претприемачите и потенцијалните претприемачи влегуваат во драстично поразличен технолошки свет, за разлика од оној на нивните претходници.
Денешните услови за создавање еднорог (unicorn) се многу потешки од оние пред 20 години. Технолошки гиганти денеска се моќни и доминантни речиси во секоја област и нудат буквално секакви услуги.
Кога милениумците беа во своите 20-ти години, интернетот беше на својот почеток и беше нерегулиран, што овозможуваше брзи иновации и експоненцијален развој.
„Едноставно не постои истата технолошка можност брзо да се градат големи компании“, Џери Нојман, професор на Универзитетот Колумбија
Технологијата и интернетот денес се дефинирани и регулирани, што ги прави многу побезбедни и прифатени за корисење од страна на широката маса.

За тоа колку технологијата и интернетот го променија светот говори еден твит кој што кружи низ социјалните мрежи, а твитот гласи:
Пред 20 години родителите им кажуваа на децата да не се качуваат во кола со непознати, пред 10 години им кажува да не се допишуваат на интернет со непознати. Додека пак, денеска го имаме Uber, каде што на интернет се бара непознат кој би не возел до саканата дестинација.
Технолошките гиганти ги купуваат малите успешни стартапи
Денес, младите претприемачи често се фокусирани на дополнителни иновации во сè позрел технолошки пазар, кои често се купуваат од поголемите компании пред нивните основачи да станат познати имиња. Конкретен пример е купувањето на Photomath од страна на Google.
Иако ова може да доведе до успешен излез, тоа обично не е пат до слава. „За да бидете следниот Цукерберг или Илон Маск, треба да бидете нарушувач“, вели Кимберли Едлстон, професорка по претприемништво и иновации на Универзитетот Нортистон. Овие славни основачи или ги револуционизираа постоечките индустрии или создадоа сосема нови.









Можеби нема никаков проблем, сте помислиле на тоа? Претприемништво не мора да биде цел на животот.