Jarvis пристигнува во Chrome во декември

„Project Jarvis“ е нов проект на Google кој има за цел да создаде вештачка интелигенција (агент) што работи директно во веб-прелистувачот Google Chrome. Името е инспирирано од J.A.R.V.I.S., виртуелниот асистент на популарниот стрип јунак Iron Man.

„Мислам на (агенти) како интелигентни системи кои  покажуваат резонирање, планирање и паметење. Системи кои може да мислат неколку чекори однапред, да работат на различен софтвер и системи, и да завршат нешто за вас, и најважно, да бидат под ваш надзор.“, рече Сундар Пичај на конференцијата I/O која се одржа во мај 2024 година.

Агентот е дизајниран да автоматизира секојдневни веб-базирани задачи. На пример собирање информации, купување производи или хотелски резервации. Jarvis ќе биде овозможен од следната генерација на напредната вештачка интелигенција Gemini 2.0. Технологијата ќе користи техники како што се чести скриншотови и анализа на екранот за да изврши одредени акции, пишува 9to5google.

Во најавената верзија, Jarvis ќе работи преку облак и нема да биде инсталиран директно на уредот. Ова значи дека обработката се случува на серверите на Google, а не на самиот компјутер на корисникот. Како резултат, може да има мало чекање помеѓу дејствијата. На моделот веројатно ќе му бидат потребни неколку секунди за размислување пред секоја акција.

Придобивките од користење на Jarvis се бројни. Со автоматизирањето на секојдневните веб-базирани задачи, корисниците можат да заштедат време и енергија. До сега можевме да прочитаме неколку примери што Jarvis би можел да извршува. Сепак, добра вест за корисниците е дека не мора да трошат време на овие рутински задачи и ќе можат времето да го искористат попродуктивно. Дополнително, со можноста за сфаќање, разбирање и планирање, Jarvis би можел да ги оптимизира процесите и да донесува попаметни одлуки базирани на анализа на податоци. Ова го прави корисен за секој што сака поедноставно и поефикасно користење на интернет.

Според најавата асистентот Jarvis би можел да биде достапен веќе од декември. Технологијата ќе биде најпрво достапна на мал број на тестери во рана фаза, а потоа може да ја очекуваме и пошироко. Во оваа фаза тестерите треба да помогнат да се откријат и надминат првите пропусти. Сепак, иако е најавен за декември ова може да се промени и Jarvis да биде издаден подоцна, пишува Information.

Слични проекти имаат и други компании како Microsoft со Copilot Vision и Apple Intelligence. Ова е добар показател дека сите големи компании работат на слични решенија за автоматизирање на задачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk