„Рускиот Facebook“ е под целосна контрола на Путин, вели основачот на ВКонтакте

Најголемата друштвена мрежа во Русија, ВКонтакте, е под контрола на луѓе блиски до претседателот Владимир Путин, изјави нејзиниот основач Павел Дуров откако беше отпуштен од директорското место. Во пост објавен на ВКонтакте, г. Дуров рече дека мрежата, која стартуваше во 2006-та година и сега има на 100 милиони корисници, е под „целосна контрола“ на најбогатиот човек во Русија и сопственик на Mail.ru, Алишер Усманов, и Игор Сечин, директор на државната компанија за нафта Rosneft и близок пријател на г. Путин.

„Чудно е што акционерите немаа храброст да ме известат дека сум отпуштен, туку мораше да дознаам од медиумите“, пиша г. Дуров.

Според ВКонтакте, г. Дуров поднесол оставка, за која подоцна рекол дека била како првоаприлска шега, но откако не ја повлекол во рокот од месец дена, тој автоматски бил ослободен од функцијата.

Дваесет и девет годишниот Дуров, попознат на западот како рускиот Марк Зукерберг поради тоа што неговата Vkontakte е копија на Facebook, вели дека веќе некое време се бори со руските власти за да го спречи шпионирањето на корисниците на VK. Тие битки со руските безбедносни служби можеби се и причината што тој полека ја изгубил контролата на мрежата која претходно се користеше да се организираат протести против Владимир Путин и против мешањето на Русија во внатрешните протести во Украина. ВКонтакте е популарна и во Украина и другите соседни земји околу Русија. Според г. Дуров, тој не сакал да им дозволи на руските власти да ги шпионираат украинските корисници бидејќи тие не се под руска надлежност.

„Можеби, во руски контекст, вакво нешто беше неизбежно, но сум среќен што истрајавме седум и пол години. Направивме многу. И дел од тоа што го направивме, не може да биде вратено“, вели г. Дуров во својот пост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk