Xiaomi заработи 1 милијарда долари само од мобилни сервиси

во Свет

Xiaomi само од мобилни сервиси оваа година ќе заработи милијарда долари. Четири години откако почнаа со продажба на телефоните, компанијата трикратно ќе ја надмине заработката од мобилни апликации како игри и финансиски апликации, вели Леј Џун, основач на компанијата во интервју за Wall Street Journal.

Сепак производството на евтин хардвер, со цени блиску до набавните, останува главен приход за компанијата. Покрај телефоните компанијата произведува прочистувачи за воздух, слушалки, таблет компјутери, камери и куп останата електрична роба од кој и доаѓа најголемиот дел од 16-те милијарди кои ги заработија минатата година.

Досега компанијата, која ја нарекоа „највредниот стартап во светот,“ не излегува со податоци за исплатливоста на инвестициите, но веќе неофицијално се најавува дека ќе започнат со продажба на телефоните во САД. За сега компанијата најавува дека при излегувањето на други пазари, најголем проблем ќе биде усогласувањето со законите на државите. „Доколку сакаме да се развиваме глобално, ќе мора да ги почитуваме законите и регулативите на сите држави. Мора да ги почитуваме и навиките на корисниците.“, велат од Xiaomi. За сега главен фокус на компанијата остануваат Кина и Индија за каде и е најавен новиот развоен на Xiaomi, прв надвор од Кина.

Xiaomi е исто така присутен и во Македонија, но неофицијално преку Hi Store, продавница која врши нарачки на Xiaomi уреди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk