Армијата на Русија доби ново оружје. Напаѓачите повеќе нема да можат да користат дронови за напад на цели на боиштата. Новото дефанзивно оружје на русите ќе им овозможи да го спречат управувањето на дронови со сателит, вели Motherboard.
Станува збор за единица која е дел од армијата со единствена задача за онеспособување на непријателиските дронови. Единицата преку телекомуникацииски пречки ќе ја прекине комуникацијата на операторите и леталата. Специјалното оружје е огромна мобилна радио-антена поставена на камион.

Речиси сите членови на новата единица се специјалисти. Сите војници имаат техничко предзнаење во полето на електрониката. Првата единица ќе биде сместена во регионот на Курск.
Досега како дел од руската противвоздушна одбрана се оформени околу 20 вакви единици за борба со беспилотни летала. Поддршка на специјализираните единици се и традиционални единици за борба со беспилотни летала.