0 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2017

Марк Закерберг: “За да ја намали злоупотребата Facebook ќе мора да си го намали профитот”

Најголемата друштвена мрежа, Facebook има сериозен проблем. Истрагата на конгресот покажа дека наместо да ги зближува своите корисници, го прави спротивното, и ги разделува. Дополнително за ова и не се потребни толку многу средства. За само 46.000 долари, пораките под руските профили стигнаа до 126 милиони Американци.

Поради ова основачот на Facebook, Марк Закерберг најави дека друштвената мрежа посериозно ќе се обиде да ги надмине овие проблеми. Можеби ова веќе и не е прашање на избор со оглед на тоа дека погласни се барањата за регулација на најголемата друштвена мрежа.

„Заедницата продолжува да расте, а бизнисот оди напред. Сепак ништо од ова не е важно ако нашата платформа не се користи за да ги зближи луѓето. Сериозни сме со надминувањата на злоупотребите на платформата. Толку многу инвестираме во безбедноста што се одразува и на заработката. Сепак заштитата на заедницата е поважна од максимизирањето на заработката“, вели г. Закерберг.

Обраќањето беше дел од говорот на основачот на друштвената мрежа пред инвеститиорите. Facebook и оваа година ја зголеми заработката. За последните 3 месеци заработија 10.1 милијарди долари. Ова е 50 % пораст во однос на истиот период минатата година.

Пораст има и во сите корисници на останатите платформи како Instagram и WhatsApp кои сега имаат над 300 милиони корисници.

Иако овие бројки се добредојдени за друштвената мрежа, нема само добри вести. Бројот на дупликат профили сега е пораснат на 10%, а претходно беше 6%. Лажни профили се помеѓу 2 и 3 %, претходно беа 1%. Ова се дел од оние податоци кои во апсолутни бројки изгледаат позаштрашувачки. Односно од 2.07 милијарди корисници, 207 милиони милиони се дупликати, а 60 милиони се лажни профили.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top