Новиот Surface Pro од Microsoft доаѓа на 1 декември

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, Хардвер

Microsoft го најави новиот Surface Pro лаптоп, кој на пазарот треба да се појави на 1 декември. Полното име на уредот е Surface Pro with LTE Advanced, што секако ќе биде барем малку чудо за употреба.

Surface уредите се навистина квалитетни и одлично дизајнирани, но тоа вообичаено значи и скапи. Ова е случај и сега, иако можеби е дискутабилно дали 1.150 долари се премногу за лаптоп со овие перформанси.

Surface Pro LTE доаѓа во две конфигурации. Главно разликата е во рамот и капацитетот на дискот. Првата верзија доаѓа со 4GB RAM и 128 GB диск, втората доаѓа со 8 GB RAM, 256 GB диск и со Category 9 LTE модем. Модемот овозможува поврзување на интернет со 45оMbps. Претставените верзиите кои доаѓаат со LTE доаѓаат со Intel i5 процесор.

Цената на уредите кога ќе се појават во продажба ќе биде 1.150, односно 1.450 долари. Од 1 декември новите верзии на Surface Pro ќе бидат достапни на најголем дел од пазарите во Европа, САД, Канада, Јапонија и Австралија. Засега нема најава за остатокот од светот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments