0 коментари 2 мин. читање 1 ноември, 2012

Русија одобри закон за гасaње на сајтови

Рускиот закон кој стапи на сила, ќе им дозволи на властите да гасаат сајтови без судски налог. Но, законот кој е наменете да ги заштите децата од нелегални содржини, им влева страв на критичарите на актуелната власт и борците за човекови права кои се сомневаат дека истиот ќе биде искористен за цензура, пишува BBC.

Како и со секој закон за креирање на црни листи, одговорот на властите е дека ова е единствен начин да се борат против детската порнографија и друга сексуално експлицитна и нелегална содржина, вклучувајќи и содржина која им објаснува на децата како да извршат самоубиство или да конзумираат дрога.

Доколку властите не можат сами да го изгасат сајтот, ќе побараат помош од интернет провајдерите и веб хостинг компаниите да го блокираат пристапот. Бројни невладини организации, рускиот интернет пребарувач Yandex, друштвениот портал Mail.ru и Wikipedia на руски јазик изразија протест против воведување на законот бидејќи со него, руските власти без потреба од судски налог ќе можат да гасат сајтови само со изговор дека тој има содржина која влијае негативно врз децата.

Но, според рускиот министер за комуникации, Николаи Никифоров, властите немаат намера да цензурираат.

„Сајтовите ќе бидат блокирани само доколку одбијат да го следат рускиот закон.“, вели г. Никифоров.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top