Апликација на денот: JustBeamIt e P2P сервис за Android

JustBeamIt е бесплатен Peer-to-Peer (P2P) сервис за споделување на датотеки кој им овозможува на корисниците безбедно споделување на податоците преку веб со пријателите.

За да ја користите оваа апликација, не е потребна регистрација или пак некој клиент на десктоп компјутерот. Напротив, целата апликација се сведува на еден едноставен кориснички интерфејс и JustBeamIt не зачувува ниту еден ваш податок. Работи на тој начин што преносот започнува кога примачот ќе пристапи до линкот за преземање на содржината и потоа врската се прекинува.

JustBeamIt поддржува уред-до-уред размена на податоци и уред-до-прелистувач. Откако ќе ја прикачите датотеката на сервисот, добивате уникатна URL адреса до која можете да пристапите преку вашиот прелистувач, или само крајниот код од адресата доколку сакате да ја преземете содржината преку вашиот Android паметен телефон.

Податоците се симнуваат во вашиот Downloads директориум на SD картичката, а процесот на презимање можете да го следите преку панелот за известувње.

JustBeamIt работи на Android 2.3+ и можете бесплатно да го преземете од Google Play маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk