Русија ќе си направи нова, сопствена верзија на најпопуларната онлајн енциклопедија. Целта е Русија да биде претставена во вистинското светло, а на Wikipedia нема доволно податоци за руските региони и животот во државата, вели Претседателската библиотека Борис Јелцин.
„Иницијативата ќе биде алтернатива на Wikipedia: анализата на ресурсите покажа дека нема доволно детални и доверливи информации за руските региони и животот во државата. Ресурсите сега ќе содржат документи од руска територија и ќе биде креиран виртуелен музеј на регионален развој.“, вели Александер Вершинин директор на претседателската библиотека. Досега се подготвени 50.000 книги и документи кој ќе ја претстават Русија објективно и точно.
Во моментов на Wikipedia на руски јазик има околу 1,1 милион текстови, и било кој може да додаде нови текстови и да ја збогати енциклопедијата. Заради ова, можни се критики кон руските власти дека продолжуваат со својата контрола на медиумите и фактите. Наскоро ќе може да видиме дали станува збор за сериозен чекор на руските власти со кој сакаат да споделат повеќе податоци од Русија или сепак станува збор за уште еден обид да се заменат сајтовите со контролирани руски верзии.







