Холандски бенд снима спот со краудсорсирани секс снимки

во Свет

Oткако го изгледаа TED говорот на Синди Галоп, холандскиот бенд DI-RECT толку се воодушеви што добија инспирација да стартуваат проект за видео спот во кој го поканија Интернетот. Проектот за видеото за песната „You & I“ е наречен „the ultimate love tape, experiment with real people, real love“, а за негова реализација DI-RECT побара од Интернетот, пред се од фановите да ги споделат своите приватни секс снимки, кои ќе бидат споени во видео од режисерот Френк ван дер Стин.

„Нас ни е многу важно да креираме видео клип кој на крајот ќе може да сподели вистински моменти помегу вљубените со побликата“, вели Омар Кбири фронтмен на бендот. „Песната You & I е за интимност, моментот кога се е оставено на говорот на телото. Кога секој збор е премногу и би умреле за секој допир. Сакаме да го направиме најдоброто љубовно видео, визуелен експеримент со вистински луѓе, вистинска љубов“.

Видеата кои фановите можат да ги споделат може да бидат снимени со камера, телефон или било кое друго средство, се разбира учесниците мора да бидат постари од 18 години. Видеата се аплоудираат на сајтот love-tapes.com кој во моментов е недостапен, но еве ја неговата кеширана верзија.

[youtube]FV8n_E_6Tpc[/youtube]

[youtube]S8psxogp1es[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk