Руперт Мурдок го лансираше The Daily, прв дневен весник само за iPad

во Свет

Според Wall Street Journal, уште еден весник на г. Мурдок, the Daily ќе чини 99 центи неделно. Весникот ќе си има и своја бесплатна интернет страница, но која ќе покажува содржини во мал број. Исто така, весникот ќе содржи и статии, видеа, интерактивни графики и фотографии, од кои сите оптимизирани за екранот на допир на iPad.

Руперт вели дека неговиот Daily е иднината на весниците.

„Ќе има десетици милиони од овие нешта продадени низ светот. Ова може да е спасот за весниците затоа што ги немате трошоците за хартија, мастило, печатење, камиони. Не го уништува традиционалниот весник, само доаѓа во нова форма.”

Сопствениците на традиционалните медиуми, не можат да го прифатат пласирањето информации на интернет и сакаат да го задржат стариот модел на претплата. Сакаат да плаќате за посетата на нивните страници, или пак за дигитализираната верзија, односно токму ваква апликација. Се плаќа за издание, како и за печатен весник, само што има свој сопствена предност, односно можност да понуди мултимедија: фотографија и видео, архиви, пример, линкови до постари изданија и може самостојно да се одржува со сопствени реклами.

Сепак, од претходните искуства се покажа дека откако ќе помине фамата за некој весник кој се плаќа, читателите едноставно престануваат да го читаат весникот. Реално гледано, секој кој поседува таблет, има и интернет прелистувач на него, а преку тој интернет прелистувач има пристап до сите информации на интернет. Тогаш зошто би плаќал за дневен весник?

Мурдок е толку самоуверен во успехот на неговиот The Daily, веќе инвестирал 30 милиони долари, а да се одржува ќе требаат дополнителни 500.000 долари неделно. Прашањето останува, дали ова е исплатлива инвестиција. Можеби баш the Daily, затоа што ќе е уникатен и нема да биде достапен никаде на друго место, ќе ја победи досегашната статистика.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments