Иако сме големи фанови на тркачки игри, никогаш не сме биле премногу добри во нив. Голем дел од игрите реалистично го симулираат тркањето и најмало невнимание може да резултира во изгубенo прво – или наредните три – места. Horizon Chase 2 посебно ни се допадна потоа тоа што нуди максимално акркадно искуство каде мајсторски ви се потпомогнува за време на кривините, без да се загрози огромното чувство на брзина. Како резултат, на вас се остава целосно да се релаксирате и да ги впивате преубавите места низ светот.
Флексибилен предизвик
Во Horizon Chase 2 имате на располагање три режими на игра:
- World Tour – светска турнеја низ различни локации во светот
- Playground – тркање против други играчи низ бројните локации кои се застапени во World Tour
- Tournaments – брзи натпревари во кои можете да учествувате само доколку успешно поминете низ светската турнеја
Независно од модот кој ќе го изберете, трките се обично кратки и со максимален фокус на две клучни точки: брзина низ уникатни и визуелно импресивни места.
За време на трките, потребно е да ги избегнувате противничките возила и да собирате поени со кои можете да отклучувате возила и да вршите надградби на истите. Надградбите може да се од естетска, но и функционална природа. Па така, на располагање имате 12 уникатни возила.
На секое од возилата можете да му ја менувате бојата, како и изгледот на одредени делови од автомобилот. За подобро справување со кривините и за поголем брзина, имате корисни надградби, но нивното отклучување не е лесно и етапно со отклучува со напредување низ светската турнеја. Иста е ситуацијата и со заклучените возила.
Возилата во Horizon Chase 2 одлично се управуваат, а, при одредени критични кривини, самата игра суптилно го наведува автомобилот да го заземе лакот во вистинскиот момент. Ова никако не значи дека автомобилите ви се возат сами, но има одредено благо помагање како би се задржало аркадното чувство и како не би се загрозило чувството на огромна брзина. Подоцна, триките стануваат значително попредизвикувачки и потребно ќе е повеќе да внимавата при управувањето на автомобилите.
Horizon Chase 2 дополнително сјае и во одделот со дизајнот на мапите. Секоја локација е значително поразлична од претходната и вистинско задоволство е да се впиваат преубавите места кои се осмислени со многу љубов и знаење. Со оглед на тоа дека трките се ралативно кратки, често имавме проблем да се одвоиме во играта и позитивно се форсиравме за уште една трка, па уште една, и уште една, само за да видиме како изгледа наредната мапа.
Сите мапи се динамични, со впечатлива и значајна промена на временските услови. Во трка од три круга, би можеле да забележите позначително зајдисонце при вториот крук, а стемнување во третиот круг. Слично на ова, пријатно би се изненадиле од срамежлив дожд во вториот круг, а пороен во третиот. Една трка, која се води на територија на Бразил, е за време на новогодишните празници и беше интересно да се види како гратчето украсено во првиот круг, за да целосно почне да паѓа свег после вториот.
Вакви ситни и преубаво осмислени детали значително допринесуваат до пријатно и шаренолико искуство на кое со задоволство му се навраќавме. Како црешна на врвот, би сакале да ја пофалиме и преубавата музичка подлога која одлично ги доловува уникатните аспекти за секоја од териториите на кои се тркате.
Доколку никогаш не сте биле премногу добри возачи во тркачки игри, Horizon Chase 2 ќе ви ја врати изгубената самодоверба и ќе ви пружи многу пријатни моменти. Играта е достапна за PC, преку Epic Store, или за PlayStation 4, 5 и Xbox One, Xbox Series, или Nintendo Switch!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Aquiris Game Studio
- Издава: Epic Games
- Жанр: аркадна тркачка игра
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 29 мај 2024
Оценка
- Вкупна оценка: 8.75
- Приказна: 7
- Гејмплеј: 9
- Графика: 9
- Звук и музика: 10