Running Fable Petite Party: Хаос на дигиталната табла

во гејминг

Running Fable Petite Party e спин-оф наслов кој се оддалечува од тркачките корени на оригиналот за да понуди искуство фокусирано на локална мултиплеер забава за еден до четири играчи. во играта комбинирате елементи на класична стратегија на табла со брзи и натпреварувачки мини-игри, со цел да создадете динамична атмосфера каде што пријателството се става на тест преку серија на предизвици.

Играта се одвива на три различни арени дизајнирани како табли за друштвени игри. Од една страна, потребно е да имате среќа при фрлање коцка, а, од друга, да сте доволно вешти за да победите во мини-игрите. Во RFPP се натпреварувате во вкупно 16 различни мини-игри, при што клучен елемент на гејмплејот е можноста за саботажа. Имено, играта активно ги охрабрува учесниците да ги надмудрат или попречат своите ривали. На овој начин не знаете каква длабочина и непревидливост ќе заземе секоја рунда. За среќа, контролите се дизајнирани да бидат едноставни и пристапни, дозволувајќи ви лесно да се вклучите во акцијата.

Running Fable Petite Party е наслов кој би можел да им се допадне на љубителите на party жанрот, односно сите оние кои уживаат во директен конфликт со соиграчите. На располагање имате силна потреба за брзи рефлекси и стратешки одлуки на таблата и бројни ситуации каде крајниот исход често зависи од способноста на играчот да се справи со хаосот и да ги искористи грешките на противниците. Доколку уживате во вакво нешто, тогаш проверете ја Running Fable Petite Party, особено доколку сакате да ја искусите акцијата од комфорот на вашиот кауч, преку делење на екранот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk