0 коментари 2 мин. читање 12 септември, 2011

Друштвените мрежи владеат со Интернетот

Nielsen, компанија која се занимава со истражување на навиките на потрошувачите, објави детален извештај кој дава јасна слика за моменталната состојба на друштвените мрежи. Ова е прв ваков извештај на оваа компанија која досега ги истражуваше само традиционалните медиуми. Но поради сè поголемата употреба на друштвените мрежи, Nielsen минатиот месец се здружи со Facebook за да понуди услуги кои ќе имаат за цел да помогнат при креирањето на онлајн маркетинг кампањи.

Од извештајот кој го носи името State of the Media: The Social Media Report, можат да се заклучат многу интересни факти поврзани со друштвените мрежи, како на пример дека 4 од 5 активни интернет корисници користат друштвени мрежи, американците трошат 53,5 милијарди минути месечно на Facebook, скоро 40 проценти од корисниците на друштвени мрежи ја добиваат содржината од друштвените мрежи преку нивните паметни телефони, мажите гледаат далеку повеќе видеа онлајн отколку жените, 70 проценти од возрасните корисници на друштвени мрежи коупуваат онлајн, 53 проценти од возрасните корисници на друштвени мрежи следат некој бренд додека 32 проценти следат некоја славна личност.

Веќе е добро познат факт дека друштвените мрежи претставуваат неразделен дел од нашиот секојдневен живот, верувам дека и кај нас Facebook е најкористен веб сајт, но овој извештај е одличен доказ за голем број од компаниите конечно да сфатат дека друштвените мрежи се иднината за нивниот опстанок.

(via This is Not Social Media Blog)

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}