0 коментари 1 мин. читање 11 ноември, 2013

Родителите преку SMS ќе ги проверуваат оценките на децата

Податоците од електронскиот дневник еднаш неделно ќе им бидат доставувани на родителите преку SMS пораки. Извештајот од проектот „Информиран родител“ ќе ги содржи промените во дневникот, како и информации за оценките, активностите и поведенијата на децата, најави министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Бесплатните пораки ќе бидат испраќани од наставниците, кои ќе имаат одговорност неделно да ги внесуваат промените во дневникот. Сите три македонски оператори ќе бидат вклучени во доставување на пораките.

Пораките ќе бидат активирани по желбата на родителите кои треба да остават податоци кај класните раководители, кои подоцна ќе бидат додадени во електронскиот дневник. Во моментот во е-Дневникот се евидентирани 337.361 родители и старатели од кои 175.917, или 52 отсто, оставиле телефонски број или имејл адреса за контакт.

[youtube]PcSe62nnGzE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top