PrivaZer е бесплатна алатка која се одликува со комплексни можности за отстранување најразлични траги за тоа како го користите вашиот компјутер. Можете да започнете 100 најразлични скенирање и операции на чистење низ прелистувачите, регистарот, RAМ, бројни програми и хард дискот.
Најновата, четврта верзија верзија на програмот се има подновено со суптилно надграден дизајн. Паралелно со ова, автоматски можете да преземате надополнувања, како и автоматски да го чистите најновиот прелистувач на Microsoft – Edge. Значително подобрувања се забележителни и во перформансите, особено со самиот енџин за скенирање.
PrivaZer се испорачува во инсталациона и пренослива форма. Програмот е бесплатен за користење, но имате на располагање и малку поинаква верзија каде, доколку донирате финансиски средства, ќе добиете пристап до одредени надополнувања порано од останатите. Донациите се движат од 10 евра, па се до 10 000 евра.