0 коментари 2 мин. читање 11 септември, 2018

Роботи учат како да манипулираат со објекти кои не ги „виделе“ претходно

Универзитетот MIT претстави технологија која на роботите ќе им овозможи да манипулираат со објекти кои претходно не ги виделе.

Ова секако нема да биде од корист за роботите кои се програмирани за една активност која постојано се повторува. Најголем дел од роботите кои се користат денес имаат токму ваква употреба. Се користат на производни ленти во кои постојано повторуваат исти акции.

Сепак за во иднина и за секојдневна употреба на роботите насекаде ова баш не е соодветно. Роботите ќе мора самостојно да прават некои акции и да можат да се снаоѓаат во простор. Токму ова треба да го овозможи „Dense Object Nets“ технологијата која ја разви MIT. Не станува збор за некаков специјален дел или хардвер, туку вештачка интелигенција која се интегрираа во технологијата за гледање и препознавање.

„Во фабриките на роботите им требаат комплексни внесувања за да функционираат доверливо. Но, систем како овој ја разбира ориентацијата на предметите, може од сликата да погледне и соодветно да ја промени насоката на објектите“, вели Лукас Мануели, докторант на MIT.

Голема предност е што нема потреба од илјадници слики со кои ќе се тренира роботот. Наместо ова, потребно е некој период роботот да го анализира предметот. Ако сакате системот да анализира кафеава чизма, го ставате роботот еден час во соба со чизмата и тој автоматски ќе ја анализира; ќе фотографира; ќе генерираа координата и ќе се тренира, објаснува Engadget.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top