0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2016

Зошто да работите од едно место? Roam сака да бидете дигитален номад

Беше само прашање на време кога ќе се појави сервис како Roam, стартап кој ви нуди место за престој во целиот свет. Ова е идејата, иако засега тешко остварлива, барем според бројот на локации на кои стартапот би морал да има сместување. Сепак кога се во прашање дигиталните номади, Roam ќе им овозможи да имаат дом во најголем дел од атрактивните локации како: Бали, Мајами, Мадрид, Буенос Аирес или Лондон.

Она што најверојатно ќе биде овозможено е попријатна средина за сите корисници, бидејќи дигиталните номади ќе бидат опкружени со луѓе слични на нив, а со секоја посета нема да мора да се привикнуваат на местото. Сервисот е идеален за луѓе чија работа не е поврзана со локација, и можат да си дозволат почесто да патуваат, но сепак постојаната потреба од Airbnb аранжмани им е здодеана. Засега има само две локации, а наскоро ќе бидат достапни уште три, па сите кои можат да си дозволат летови ќе може да го користат Roam.

Отворањето на простор во неколку локации ќе овозможи за почеток сервисот да има неколку бази од каде корисниците ќе можат да „оперираат“, но на крајот секој поголем град би требало да има сместување, јави Fast Company.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}