0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2016

Nvidia ги претстави побрзите и поевтините Geforce GTX 1080 и GTX 1070

Nvidia ги презентираше Geforce GTX 1080 и 1070, новите графички картички со Pascal архитектура, кои според најавите ќе бидат побрзи и поевтини од Titan X, што е одлична вест за сите гејмери. Новата картичка е толку брза што ги надминува и перформансите на две GTX 980 графички во SLI, јави PC World. Графичкиот процесор на картичката на презентацијата работи на 2,1 GHz, меморијата е на 2,508MHz, а притоа температурата на картичката не надминува 67 степени. Двете нови картички се и поефикасни кога енергијата е во прашање, па сега се конкурентни со новите Polaris картички на AMD.

Најавата е дека првите картички од овие серии ќе бидат достапни до крајот на овој месец или во првата половина на јуни. Тоа најверојатно ќе бидат картичките од Nvidia, а за останатите производители сепак ќе треба да почекаме. Останатите модели од 10хх ќе бидат презентирани подоцна, а нема да биде никакво изненадување доколку дел од можностите на картичките бидат презентирани на саемот за видеоигри Е3 во јуни.

Она што најверојатно ќе биде најпријатното изненадување за сите е дека картичките се многу поевтини од картичките кои досега имаа слични перформанси. Така GTX 1080 ќе чини 600 долари или 700 долари ако картичката доаѓа од Nvidia, а послабата GTX 1070, која сепак е помоќна од Titan X ќе доаѓа за 380, односно 450 долари. Добра вест е дека и сегашните картички ќе поевтинат, па цената на минималната конфигурација за VR-ready компјутерите ќе се намали.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}