Професор од Харвард објаснува што се алгоритми на пет нивоа

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Професорот по компјутерски науки од Харвард, Дејвид Џ. Малан се обиде да ги објасни алгоритмите на пет нивоа. 

Односно, неговиот предизвик беше да објасни што се тоа алгоритми на шест годишно девојче, тинејџерка, студентка, студент на докторски студии и експерт. 

Што се алгоритми?

Разговор со шест-годишно девојче

Разговорот започнува со прашање кон девојчето за тоа што е компјутер. Девојчето одговара дека компјутер е парче електроника на кое што може да се пишува и работи.

Следното прашање е дали таа знае некои делови на компјутерот, на кое што девојчето одговара дека не знае. Професорот го објаснува процесорот на компјутерот како “мозокот на компјутерот”, а потоа продолжува со објаснување на меморијата. 

Разговорот продолжува со прашањето дали девојчето знае што е тоа алгоритам, на што таа одговара позитивно и кажува дека алгоритам е листа на инструкции кои им кажуваат на луѓето или роботите што да прават.  

Професорот објаснува дека алгоритам претставуваат инструкции кои чекор по чекор објаснуваат како треба да се реши одреден проблем.  

Следниот нивен предизвик се инструкциите како да се намачка путер на леб, каде што професорот е во улогата на компјутерот, а задачата на девојчето е да даде прецизни инструкции за приготвување на овој оброк. 

Разговор со петнаесет-годишна тинејџерка

Разговорот почнува со прашање што девојката знае за алгоритмите, на што таа одговара дека алгоритамот е начин на складирање на податоците во компјутерот. 

Разговорот продолжува со кратко објаснување од професорот околу дневните рутини на луѓето, односно доколку одиме подлабоко во секоја активност од типот на миење заби, активноста се состои од чекор по чекор инструкции и додава дека начинот е сличен и со компјутерите. 

Следното прашање е зошто телефонскиот именик е сортиран по азбучен ред, на што девојката одговара дека тоа е поради полесно пронаоѓање на одредениот контакт. 

Професорот продолжува со објаснување алгоритми за пронаоѓање на конкретно име во именикот и става акцент на важноста на разделувањето на одреден проблем во повеќе помали проблеми. Разговорот завршува со објаснување на ефикасноста на секој од понудените алгоритми и зошто еден алгоритам е поефикасен од друг. 

Разговор со студентка на компјутерски науки 

Првото прашање е како би објаснила што е алгоритам на некој кој што не е од твојот домен, на што студентката одговара дека алгоритам е системски начин за решавање на проблем. 

Разговорот продолжува со објаснување и дискусија на добро познатиот алгоритам за сортирање Bubble sort. Потоа, професорот објаснува дека доколку го користат овој начин за сортирање на веб-страници, пребарувачите како Google и Bing би имале речиси “бесконечни листи”

Разговараат и за социјалните платформи и како се формираат персонализирани препораки за секој корисник. Професорот додава дека доколку овој дел се кодира, тоа би бил бесконечен код, па поради тоа се користат методи на вештачката интелигенција и слично. 

Разговор со студент на докторски студии на машинско учење и роботика 

Која е потребата за некој да измисли алгоритам е првото прашање во овој разговор, а на ова студентот одговара дека првично тоа е неефикасноста, а потоа и поврзувањето на нишките. Тој додава дека и алгоритамот не претставува само извршување на одредена работа, туку ефикасно извршување на одредена работа. 

Алгоритмите кои се способни да учат се следната тема, а студентот споделува сопствени искуства од факултетот. 

Следното прашање кон студентот е каде оди светот, на што студентот одговара дека се очекува да има сѐ повеќе алгоритми во нашиот секојдневен живот.

Можеби најинтересната реченица на студентот, со која што и завршува овој разговор е: ,,Ние сме човечки битија, но за некого сме само пар очи кои имаат паричник и сакаат нешто да купат”

Разговор со експерт, професор по применета математика 

Разговорот започнува со тоа што експертот вели дека во науката на податоци, улогата на алгоритамот е оптимизацијата на алгоритмите да се дојде до најдобриот модел на одредени податоци. Додава и дека покрај разбирањето на алгоритмот и неговите статистички перформанси, се работи и на целото софтверско инженерство околу системската интеграција. 

Интересен дел во разговорот е дефиницијата на експертот за AI чет-бот, при што тој објаснува дека чет-бот е специјален случај на AGI, што претставува специјален случај на користење на LLM. 

Додава дека LLM моделите сѐ уште се во своите рани денови и дека моментално се работи на вистински дизајн на модел за вистински проблем. 

Следно во оваа дискусија е мислењето на професорот дека инженерите кои што ги измислуваат овие новитети, всушност не можат да објаснат како тие работат.  

Разговорот продолжува со прашање на професорот дали фундаменталите на алгоритмите стануваат помалку битни со тек на времето и дали тие се навистина важни за корисникот. 

Го дава следниов пример:  

Корисник внесува податоци во ChatGPT и му вели да ги сортира, ChatGPT успешно ги сортира, па дали на корисникот му е важно со кој алгоритам ChatGPT ги сортирал податоците? 

Мислењето на експертот е дека тоа зависи до кое ниво корисникот сака да ја разбира технологијата. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk