Ring Nation е ново телевизиско шоу со програма снимена на Ring камерите на Amazon

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Ring Nation е ново телевизиско шоу кое ќе биде достапно за претплатниците на Prime Video. Она што секако е поинтересно е дека дел од содржината ќе виде снимена со Ring камерите за надзор.

Шоуто е продуцирано од MGM и Big Fish Entertainment, а ќе го води комичарката Ванда Сајкс. Од она што го сподели Deadline шоуто ќе биде составено од крати видео исечоци снимени од Ring камерите кои ќе ги коментира актерката. Ring, MGM и Big Fish Entertainment се во сопственост на Amazon.

Концептот е да бидат емитувани вирални видеа снимени на камерите и ѕвончињата кои корисниците ги споделуваат. Дел од видеата ќе бидат од соседи кои спасуваат соседи, понуди за брак, враќање на војници и смешни животни. Ова потсетува на „America’s Funniest Home Videos“, но и на тон други вакви телевизиски програми.

Ring е современо паметно ѕвонче за врата кое доаѓа со камера и сензор за детекција на движење. Камерата се активира и започнува да снима штом се забележи движење во радиус од 9 метри. Amazon го продава уредот како ѕвонче, но секако станува збор за систем за безбедност на домот. Дополнително камерата има и домофон кој овозможува комуницирање без физички контакт.

Како и сите модерни уреди и Ring се поврзува на интернет. По приклучувањето на домашната Wi-Fi мрежа и инсталирањето на апликацијата, корисникот може да ги прегледува видеата во живо од секаде. Овие видеа се зачувани, па корисникот ќе може и да погледне што се случувало во минатото. Како што дознаваме сега оваа функционалност ќе се користи и за снимање на смешни видеа…

„Зближувањето на заедницата е еден од темелите на нашата мисија во Ring, a Ring Nation нуди пријателски и забавен начин за да уживаме во времето кое го поминуваме заедно… Возбудени сме што Ванда Сајкс се приклучи на Ring Nation за да ги споделува незаборавните моменти на луѓето со гледачите“, вели Џеми Симиноф, основач на Ring.

Критиките за најавеното шоу пристигнаа речиси веднаш со објавување на концептот. Најголем дел се обвинувања дека Amazon на овој начин сака да го нормализира шпионирањето кое го прави со камерите. Amazon веќе имаше неколку контроверзни моменти со камерите. Минатиот месец дознавме дека компанијата 11 пати споделила видеа од ѕвончињата со полицијата, без да побара било каква согласност од сопствениците, и без никаков судски налог.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk